Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар успешно ја стартуваше одбраната на титулата, Струга ја совлада Шкендија Арачиново

Димитар Петковски 26/07/2026 09:38
97_radeski-marjan_struga-1536x1114

Македонскиот првак Вардар успешно ја стартуваше одбраната на титулата, откако на Националната арена „Тодор Проески“,вчера ја совлада Брегалница со 2-0.

Димитар Данев во 27.минута и Горан Закариќ во 81.минута беа стрелци на головите за вардарци, кои апсолутно ги заслужија трите бода со прикажаното на теренот.

Струга Трим Лум полесно од очекуваното ја совлада Шкендија Арачиново .

Првата шанса на натпреварот во Струга ѝ припадна на Шкендија Арачиново, но обидот на Аритон Мемеди заврши над голот на домашните. Само осум минути подоцна, Мемеди излезе очи в очи со голманот Стојчевски, но вториот излезе како победник од овој дуел.

И третата последователна можност беше за гостите: Мемеди асистираше во шеснаесетникот за Ливарека, кој силно упати удар, но реакцијата на домашниот чувар на мрежата повторно беше одлична. На спротивната страна се закани Арбин Воша, но голманот Столевски беше сигурен.

Во 22-та минута, Диако силно биеше од околу 18 метри, но топката замина покрај стативата од голот на Шкендија Арачиново — најава за промена на резултатот.

По нафрлувањето во шеснаесетникот од Папе Фал, напаѓачот Марјан Радески рутински погоди од непосредна близина. Домаќините имаа можност да ја зголемат предноста кога Агамах се најде очи в очи со гостинскиот голман, но тој не дозволи втор гол.

Сепак, во последната минута од првото полувреме, Агамах излезе победник во дуелот со голманот Столевски и го постигна својот прв личен гол, а втор за Струга Трим Лум на овој натпревар.

Во второто полувреме први се заканија гостите: Рушити асистираше во шеснаесетникот за Марко Симоновски, кој силно биеше, но голманот Андреј Јовчевски беше на висина на задачата.

Веќе во следната акција, во 51-та минута, Струга Трим Лум се избори за пенал. Рочи асистираше во шеснаесетникот, а Аризанкоски го фаулираше напаѓачот Агамах, па судијата покажа на белата точка. Буњамин Шабани беше прецизен и го постигна третиот гол за домашните — идеален начин да го круниса својот 200-ти јубилеен настап во дресот на Струга Трим Лум.

Mалку подоцна, Агамах имаше уште една шанса за четврти гол, но гостинскиот голман повторно одлично реагираше. Во 65-та минута, Марјан Радески биеше со глава, но топката заврши во стативата.

Во 73-та минута, Дашмир Елези обиде удар од 20 метри, но Јовчевски го одбрани овој обид и не дозволи Шкендија Арачиново да го постигне својот прв гол во домашната елита. Неколку минути подоцна, Амир Нухија во дресот на Струга упати силен удар од 18 метри, но топката заврши надвор од рамките на голот.

Continue Reading

Претходно: Саботно кафе во Прилеп (25.07.2026)
Следно: Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре

Поврзани вести

Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
aracinovo-1-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Шкендија од Арачиново во Чаир одиграа неизвесен натпревар против Силекс

Димитар Петковски 08/08/2026 07:45
Screenshot_20260807_071348_Instagram
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

“Бродмедоу Меџик” обезбеди историски пласман во Австралиското првенство

Димитар Петковски 07/08/2026 05:17
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 1
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 2
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 3
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 4
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59
Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица bogorodica-granica 5
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

08/08/2026 07:57

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани