Денеска официјално, македонските претставиници меѓу кој шампионот Вардар ќе го дознае противникот во првото квалификациско коло на ждрепката денеска во 16:00 часот во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
„Црвено-црните“ ги избегнаа далечните дестинации, но затоа имаат пет клубови од островот и балтичките републики кои се носители во оваа фаза и тоа: Шамрок Роверс – Република Ирска , КуПС Куопио – Финска, Рига ФЦ – Латвија, FC Флора Талин – Естонија, Ларне ФЦ – Северна Ирскa.

Тетовска, Шкендија која има одличен рејтинг во Европа се најде во фаворитската група пред ждрепката, како можни ривали се екипи од: Гибралтар, Фарски Острови, Велс, Луксембург и Косово.

Силекс како победник на Купот на Македонија го очекуваат можни ривали од фаворитите односно “понезгодни” клубови од далечниот исток од Казахстан, Ерменија и Белорусија.


