Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Василевска: Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Шеталиште 24/12/2025 10:55
Ivanka_Vasilevska

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните машинерии кои одамна, повеќе од 20 години, веќе се надминати и како начин за артикулација во политичка битка, но и како модел со којшто би можело да се освојат гласови, да се собере група на луѓе која ќе ви верува, ќе се фати на тој бран и ќе учествува во истото. И тоа е толку ветво и застарено што просто делува и несериозно, констатира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во врска со неговата реакција за говорот во Собранието на претседателката на државата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што Шеталиште го пренесува интегрално.

Во своето синоќешно гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска посочи дека тие се оние стари гебелсови методи, кои тие, односно Социјалдемократскиот сојуз, како политичка опција ги истрошија за време на Шарената револуција каде што комплетно прегореа во цела таа композиција и пропагандна машинерија.

Во однос на состојбите во опозициската партија и нејзината иднина на политичката сцена, Василевска потенцираше дека оваа партиско раководство коешто е избрано сега само се обидува партијата да ја одржи во некоја состојба на клиничка смрт, надевајќи се дека ќе дојде некој нов бран сличен како тој со шарените.

„Таму ниеден сериозен социјалдемократ нема да се нафати во овие тешки услови, со толку криминал, нерешени прашања, проблематични решенија да си го стави својот живот, своето здравје во машина за да го измелат до патот за да ги донесе, можеби, некоја идна победа. Дефинитивно, ова лидерство е така поставено за да се обидува да ја одржува партијата во една, како би рекла, полумртва состојба или во клиничка смрт, сè додека не дојде некој нов бран, на којшто можеби оние се надеваат на она искуство со Шарената револуција“, истакна Василевска.

Пратеничката се осврна на говорот на претседателката, посочувајќи дека тоа беше државнички говор каде што повика на национален консензус за интеграцијата во Европската унија, но и дека од критика не беше поштедена ниту актуелната влада.

„Ако внимателно ја слушавме ќе видиме дека таа укажа и на тоа што е она што најважно, а таа критика е директно на адреса на актуелната Влада. Тоа се во евроинтеграцискиот процес, но и во самото развивање на македонското општество, борбата со корупцијата и борбата да се дојде до правосудство коешто што ќе биде достојно за македонските граѓани“, рече Василевска.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ 

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Зошто навреме не е набавен мазут?
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го колабираше и го опљачка енергетскиот сектор

Поврзани вести

gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

Димитар Петковски 13/10/2026 10:10
678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра! gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01 1
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

13/10/2026 10:10
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон 678о9 2
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

13/10/2026 09:17
Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата Bogorodica 3
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

13/10/2026 07:15
Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители 20261012202429_big_730x400_43 4
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

13/10/2026 06:10
Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени studeno-1 5
  • Македонија

Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени

13/10/2026 06:08

Можеби сте пропуштиле

gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

Димитар Петковски 13/10/2026 10:10
678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани