Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

Шеталиште 09/01/2026 12:47
screenshot-2026-01-09-132613

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинашното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики.

Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати отворена покана до граѓаните да ја посетат манифестацијата нагласувајќи дека за време на карневалските денови целото село живее во духот на традицијата и заедништвото.

– Во Вевчани тие денови секоја куќа е отворена и насекаде ќе ве пречекаат со љубов. Ви советувам да облечете постара облека за да не се грижите дали ќе ве испрскаат со црвено вино. Карневалот и маските не се само за критика, туку, пред сè, за забава, изјави Кочовски.

Новинарот Антонио Димитриевски, кој ја водеше прес-конференцијата, истакна дека Вевчанскиот карневал претставува спој на долга традиција и современа сатира.

– Тие денови Вевчани се претвора во голема сцена, а традицијата во слобода. На карневалот никогаш нема исти маски, освен традиционалните – зетот и невестата и Глупиот Август. Маските се инспирирани од настаните од изминатата година, но карневалот не е само критика на општеството, туку, пред сè, забава, рече Димитриевски.

Организаторите најавија и богата музичка програма. На 12 јануари од 20 часот ќе се одржат концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“. На 13 јануари, исто така од 20 часот, ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Музичката програма ќе заврши на полноќ со настап на Перо Бели и групата „Вип“, кои традиционално ќе ги испратат карневалците на изворите.

На прес-конференцијата беше присутен и Дарко Масларковски од групата „Пука козметика“ кој истакна дека нивната поврзаност со Вевчанскиот карневал трае повеќе од една деценија.

– „Пука козметика“ веќе 14 години со љубов доаѓа на Вевчанскиот карневал. Вевчанската публика сака комуникација и затоа репертоарот секогаш го прилагодуваме заедно со неа, изјави Масларковски.

Вевчанскиот карневал, со традиција долга околу 1.400 години, претставува спој на пагански обичаи, христијанска традиција и современа сатира и има силна социјална и културна улога во заедницата. Карневалот симболично го означува преминот од старата во новата година и потребата од прочистување, обновување и нов почеток.

Continue Reading

Претходно: Бесплатниот превоз продолжува од 12 до 16 јануари до ски-центрите кај Нижеполе и Копанки
Следно: Грција повикува луѓе да живеат на остров: Бесплатно сместување, храна и 500 евра месечно

Поврзани вести

912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани