Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Вевчанскиот карневал традиција долга илјадници години со посебно место во македонската култура

Шеталиште 13/01/2026 16:35
vevcanski-karneval

Секојдневните случувања во земјава и светот и годинава беа инспирација за креативните вевчанци на сатиричен начин да ја отсликаат годината што измина на традиционалниот вевчански карневал.

На дефилето под маски, што околу 15 часот одекна во Вевчани, покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и Глупавите Августи, на сатиричен начин вевчанци ги прикажаа мигрантската криза, состојбата во судството, политичката состојба во државата, војната во Украина, запирањето пари и нафта од американскиот претседател Трамп за Куба… Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како и кампањата на движењето ЗНАМ. Не беа заборавени ниту претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, инвестиците во Дубаи, виртуелната министерка во албанската Влада, а во Вевчани „дојде“ и „Шареното племе“ од Африка да го избрка злото…

Карневалското дефиле, меѓу многубројните гости од земјава и светот, го следеше и премиерот Христијан Мицкоски, а за отворено го прогласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Министерството за култура и туризам, според ресорниот министер, ќе продолжи да го финансира карневалот. Годинава, како и претходната, нагласи, беа наменети еден ипол милион денари, со надеж дека традицијата ќе продолжи уште илјадници години.

– Нешто што има традиција илјадници години не може да нема посебно значење и посебно место во македонската култура, посебно за еден ваков фестивал којшто ја третира слободната мисла, го третира хуморот, сатирата. И една од многуте важни работи е што ја третира критиката кон општеството, не само во македонското, туку во целиот свет, рече Љутков.

Уникатната вевчанска традиција втора година по ред ја следеше и претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел.

– Вевчанскиот карневал е нешто уникатно, традицијата е многу стара. Мислам дека е најстар Карневал во Европа. Бев овде минатата година и беше толку убаво. Моите сеќавања се прекрасни. Некои луѓе ме прашуваат што е најдобро? Најдобро е да се има уникатен карневал и со оваа традиција единствен во Европа, тоа е неверојатно, рече Алгел.

Градоначалникот Спасе Кочовски, пак, очекува уште едно успешно карневалско издание, со кое ќе ја испратат старата и новата ќе ја почнат со нова енергија.

Секое карневалско издание за вевчанци е доживување. По василичарското оро во центарот на селото, василичарите продолжија со посета на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци (колбаси), леб, пари и други дарови. Ноќеска, пак, василичарите, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Утре на верскиот празник Свети Василиј Велики одат по имендени во семејствата чии членови го носат името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повтори.

Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер во центарот на Вевчани со забава за која се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и групата „Вип“.

Манифестацијата почна синоќа со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“.

Фото МИА

Continue Reading

Претходно: Амбасадорката Агелер на простална средба кај претседателката Сиљановска Давкова
Следно: ГАЛЕРИЈА: Карневал под маски во Вевчани

Поврзани вести

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
zesko-sonce
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани