Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Занимливости

Велигденски јајца обоени со црвено вино, едноставен тренд што ги освои социјалните мрежи

Шеталиште 25/03/2026 11:24
Jajca

Заборавете на класичните бои за велигденски јајца – оваа година, трендот што се шири на социјалните мрежи нуди поинаков, природен и визуелно впечатлив пристап. Станува збор за боење јајца со црвено вино, техника која е истовремено едноставна и ефектна.

Јајцата се подготвуваат во вино, а потоа се оставаат да стојат подолго време за да ја впијат бојата и да добијат специфична текстура. Резултатот се длабоки нијанси што варираат од бордо до виолетова, а со додавање шеќер се создава и суптилен сјаен ефект. Најголемата предност е што не се користи ниту една капка вештачка боја.

Како да ги обоите велигденските јајца со црвено вино? За оваа техника ви се потребни неколку основни состојки: јајца, околу еден литар црвено вино (по можност потемно), една лажица оцет и сад за варење.

Подготовка

Сварете ги јајцата да бидат тврдо варени.

Во сад загрејте го виното и додајте една лажица оцет. Не треба да зоврие, доволно е да биде топло. Внимателно ставете ги јајцата во виното и оставете ги да стојат. За посветла нијанса доволни се околу 30 минути, а за поинтензивна боја – неколку часа или преку ноќ. Доколку сакате сјаен, „кристален“ ефект, во виното може да додадете малку шеќер.

Откако ќе ги извадите, нежно исушете ги со хартиена салфета, без триење. По желба, може да ги премачкате со малку маслиново масло за дополнителен сјај. За дополнителна естетика, пред варењето може да ги завиткате јајцата во газа заедно со ливчиња магдонос, кромид или цветови, со што ќе добиете природни шари налик на графика. Оваа техника може да се комбинира и со други природни бои, како лушпи од кромид, куркума или цвекло, со што ќе создадете богата палета инспирирана од природата.

 

 

 

 

Слободен печат

Continue Reading

Претходно: Нафтата нагло паѓа, но пазарот сè уште не верува во мир
Следно: Aneta Band со настап во Gold Felicia Битола на 27 март

Поврзани вести

20260326_142013
  • Вести
  • Занимливости
  • Настани
  • Спорт
  • Фудбал

Германецот Фин во битолско друштво пристигна во Копенхаген да ја подржи Македонија (Видео)

Димитар Петковски 26/03/2026 15:20
image (4)
  • Занимливости

Утре започнува пролетта: Ноќите стануваат пократки, деновите подолги, а еве кога се поместуваат стрелките на часовникот

Шеталиште 19/03/2026 12:13
cars travelling on the highway
  • Занимливости

Малта плаќа до 25.000 евра за граѓани кои нема да возат и ќе се откажат од возачката дозвола

Шеталиште 18/03/2026 07:33
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал aerodrom--1536x1084 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

16/04/2026 11:50
Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 3
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40
АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден jajca 4
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

16/04/2026 09:39
Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12

Можеби сте пропуштиле

aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15
nikoloski-660x500
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

Шеталиште 16/04/2026 09:40
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани