Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Велики четврток – ден кога пред зората се вапсаат велигденски јајца; Најпрвин три црвени, а потоа другите

Шеталиште 08/04/2026 10:46
Veligden-768x483-1

Според обичајот, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце се фарбаат велигденските јајца. Најпрвин се вапсаат три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ

Велики четврток, е денот кога пред зората се фарбаат велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапсаат три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги фарба домаќинката рано наутро, пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направи подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапсани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапса јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магичната моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало. Ситото било покриено со црвен машки појас или со друга ткаенина, но секогаш со црвена боја.

По вапсањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено, бело, дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Continue Reading

Претходно: Во кино Мис Стон “Враќање на жикина династија”
Следно: Геополитика и инвестирање – Како до стабилност во време на неизвесност

Поврзани вести

20260422123521_big_730x400_12
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

Шеталиште 22/04/2026 10:43
hipp
  • Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

Шеталиште 22/04/2026 10:37
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Грција најавува олеснување на ЕЕС контролите за српските туристи во шпицот на сезоната

Шеталиште 22/04/2026 09:33
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето 57_alikj-adi_sileks-1536x1112 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

22/04/2026 13:02
Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории dsc_0110-1536x1078 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

22/04/2026 12:58
Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен 1000613319 3
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

22/04/2026 11:08
Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат 20260422123521_big_730x400_12 4
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

22/04/2026 10:43
Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ hipp 5
  • Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

22/04/2026 10:37

Можеби сте пропуштиле

IMG_2865
  • Култура
  • Настани

„Низ детските очи“, книга за деца од новинарката Маја Богоевска

Шеталиште 22/04/2026 13:08
57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
1000613319
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

Шеталиште 22/04/2026 11:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани