Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Велик Понеделник, понеделникот пред Пасха

Шеталиште 06/04/2026 06:05
veliki-ponedelnik-563x460

На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на Исмаилќаните, коишто повторно го препродаваат на Петефриј, управникот на евнусите кај египетскиот цар – фараонот. Кога фараоновата госпоѓа безумно се нафрлила на целомудрениот младич Јосиф, тој, несакајќи да направи безаконие, побегнал, оставајќи ја својата наметка. Таа го наклеветила пред господарот, и Јосиф бива фрлен во окови и мрачен затвор. Потоа, поради толкувањето на соништата го изведуваат од затворот, го претставуваат пред царот, и Јосиф постанува господар на сета египетска земја. На крајот, при продавањето на пченицата, им се открива на своите браќа и благочестиво проживувајќи го целиот живот, умира во Египет, бивајќи сметан, покрај другите доблести, и за голем во целомудреноста. Тој е праобраз на Христа, бидејќи и Христос страда од Неговите соплеменици, ученикот го продава за триесет сребреници, го фрлаат во темна, мрачна јама – во гроб, од кадешто самовласно станувајќи, се зацари над Египет, т.е. над секој грев, и целосно победувајќи го, владее над целиот свет и според човекољубието нè искупува со таинственото давање пченица (леб), предавајќи се Самиот Себеси за нас и хранејќи нè со лебот небесен – Своето животоносно Тело. Од тие причини, сега се спомнува прекрасниот Јосиф. Заедно со тоа се сеќаваме и на исушената смоква од светото Евангелие, бидејќи божествените Евангелисти, токму Матеј и Марко, говорат за тоа веднаш после спомнувањето на гранчињата. Таинственото толкување на Исидор Пелусиот е дека смоквата е дрвото на непослушанието, чиишто листови престапниците ги употребиле за покривање. Причината за споредбата на гревот со смоквата е очигледен, бидејќи и гревот дава пријатно задоволство – гревовна наслада, но потоа доаѓа – горчината на совеста. Всушност, отците тука го ставаат расказот за смоквата заради умиление, како и расказот за Јосиф – бидејќи е праобраз на Христа. (Неплодна) смоква е секоја душа на којашто ѝ е туѓ секој духовен плод, којашто Господ наутро, т.е. после овој живот, не наоѓајќи се Себе во неа, ја исушува со клетва и ја фрла во оган вечен – и таа постанува како некаков исушен столб, којшто ги застрашува оние, коишто не донесуваат плодови достојни на доблести.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

денови.мк

Continue Reading

Претходно: Сончево и топло до 25 степени
Следно: Во следните две недели: Цената на нафтата може да надмине 150 долари за барел

Поврзани вести

20260421091405_big_730x400_45
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

Шеталиште 21/04/2026 07:51
20260421093331_big_730x400_94
  • Македонија

Привремено недостапни електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk

Шеталиште 21/04/2026 07:51
Svetite-apostoli
  • Македонија

Денеска се празнуваат Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј

Шеталиште 21/04/2026 07:03
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани