Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Театар

Вечерва во Народниот Театар во Битола ќе биде изведена претставата „Жиголо“

Шеталиште 16/06/2025 09:55
506188393_122182549016051791_6812016072134270421_n

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Народниот Театар во Битола ќе биде изведена претставата „Жиголо“

Автор: Игор Кузмановски
Режисер и костимограф: Благој Мицевски
Драматург: Оливера Павловиќ
Автор на музиката: Марјан Неќак
Сценограф: Сергеј Светозарев
Дизајнер на видео: Владимир Переловски
Светло-мајстор: Игор Мицевски
Тон-мајстор: Николче Терзиевски
Автор на плакатот и видео камера: Сашо Илковски
монтажа на видео: марјан георгиевски
Реквизитер: Спасе Петрушевски
Шминка: Стефанија Илиевски

Играат:
ФРАНЧЕСКО – Марјан Георгиевски
АМЕЛИ – Марија Стефановска
КАРИНЕ – Маја Андоновска Илијевски
ОЛИВИЕ – Никола Пројчевски
ЕЛИСА – Соња Михајлова

„Жиголо“ – претстава што ги брише границите меѓу маската и вистината. Некои приказни се кажуваат. Некои се шепотат. „Жиголо“ е онаа што не можете да ја избегнете – ќе ве најде во очите на ликовите, во паузите меѓу зборовите, во она што се гледа, но никогаш не се кажува гласно. Оваа претстава ја истражува тенката линија меѓу улогите што ги играме и луѓето што навистина сме. Желби што се кријат зад фасади, вистини што се разголуваат во мигот кога светлата ќе згаснат.

Во претставата е користен документарен материјал, во кој актерите одговараат на неколку прашања од „Прустовиот прашалник“, наречен така според славниот францускиот писател Марсел Пруст, кој во својата младост два пати одговарал на овие прашања (1886 и 1891 год.) во таканаречените „албуми на признанија“, кои сопствениците на албумите им ги давале на своите пријатели, собирајќи ги нивните одговори за спомен. Модерната игра што се појавила среде образованото општество на Викторијанската епоха, брзо се раширила меѓу познатите личности на тоа време, но својата популарност ја стекнува во 50-тите години на минатиот век. Пруст со своите оригинални одговори (на многу обичното прашање „Каде би сакал да живее“, тој одговорил: „Во царството на идеалот, поточно, мојот идеал“), го прославил овој прашалник, кој до денес е една од најпрестижните светски анкети на познати личности од општествениот живот.

Влезници може да набавите на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/zhigolo-9/ и на билетарницата на НТБ.

Continue Reading

Претходно: На 22 јуни во Битола – Меѓународен танцов спортски натпревар „Битола ОПЕН 2025“
Следно: Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Поврзани вести

Bitolino
  • Култура
  • Театар

„15. јубилејно „Битолино“ со селекција на врвни детски театри од седум земји“

Шеталиште 26/07/2026 15:11
bitolski-teatar-verona
  • Култура
  • Театар

Интернационален успех на македонската театарска уметност – долготрајни овации и аплаузи за битолскиот театар во Верона

Шеталиште 22/07/2026 09:12
Vojdan-Cernodrinski-2026-zatvoranje-foto-mia
  • Театар

Во Прилеп е затворен јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 13/06/2026 07:11
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани