55-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ влегува во својата завршница. Вечерва е свеченото затворање и доделување на признанија и награди. Ќе бидат соопштени најдобрите групи и ансамбли, а потоа ќе следи и вечерта на интернационална музика и игра.
Настанот е на платото на Офицерски дом Битола, со почеток во 20:00 часот.
Во текот на денот според програмата на фестивалот ќе има и свечен прием кај Градоначалникот на Општина Битола, а потоа Интернационална фолклорна разгледница– презентации на интернационалните ансамбли на Широк сокак, од Саат кула до Камен мост од 11.30 до 13.30 часот.

