Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Вечерва традиционална ноемвриска изложба во Битола

admin 11/11/2023 00:00
Screenshot_20231111_175654_Business-Suite

Традиционалната ноемвриска изложба е во склоп на културните манифестации организирани по повод Денот на ослободувањето на градот Битола од фашистичката окупација.

Тема на изложбата: слободна, во насока на размислување за слободата во креативното изразување. Изложбата ќе биде отворена на 11.11.2023 година во Кристалната сала на КИЦ-Офицерски Дом Битола, со почеток во 19:00 часот.

Оваа година учествуваат 30 членови од Битола, Прилеп, Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Ресен и Бугарија, како и 8 поканети гости од Битола, Кавадарци, Гевгелија и Италија.

Со овогодишната Традиционална ноемврсика изложба го одбележуваме и настанот кога пред 160 години (1863) во Париз се раѓа Салонот на Одбиените (Salon des Refusés), изложба организирана од Наполеон III, заради протестите организирани поради големиот број одбиени дела (над 3000), од страна на жирито на официјалниот Салон. Иако со огромна посетеност, изложбата била оцрнувана и исмејувана како од критиката така и од јавноста. Изложбата, меѓу останатите автори броела и дела од Курбе, Моне, Писаро, Сезан, Вистлер, Латур и Мане, околу чија фигура се формирала групата на импресионистите. Овој момент го отвара патот на модерното уметничко истражување кое постојано ги подместува границите на поимот уметност.

Во контекст на темата на изложбата добредојдено е секое дело од сопственото творештво кое било одбиено од некаков конкурс или натпревар, критикувано јавно или од блиското опкружување; дело кое не подлегнува на општо прифатените социјални претпоставки за уметноста, на навики, традиции, вкусови ; дело што со години не се продава и за кое и самиот уметник има сомнежи дека е нешто добро; новсоздадено дело за кое не знаете каде води и трасирате нови хоризонти.

„Да се биде уметник, значи пред се да се биде слободен“* Слободната тема е момент на екстремна искреност во тврештвото, каде за секој избор одлучува единствено авторот.

На Ноемвриската изложба ДЛУБ, од страна на Комисија составена за пригодата се доделува признание за најдобро остварено дело и на добитникот му се организира изложба во просториите на Друштвото во годината која следува.

По шеесетти пат слободата е обединувачкиот повод за ноемвриската изложба на ДЛУБ. На овој нескромен јубилеј на славењето на уметноста во нашиот град тешко е да се замисли поподобен повод за изложба од слободата. Ако се согласиме со ставот дека уметноста е вотварување на нашите визии за вистината, редно е да ги доближиме поимите за вистина и слобода, односно да погледнеме на уметноста како на скоро апсолутна артикулација на слободата. Слободата која иманентно исходи однатре ги раскрилува визурите кои ги чинат уметничките дела, а го читаат светот надворешен преку понор во светот внатрешен.

Творечките искачувања под знакот на слободата во слободниот град, уште еднаш допираат до церебрално недостижните ноумени во кои созерцува уметноста и го поставуваат емпириското „изгледа“ наспроти цврстата органска увереност во мистичното „е“.

На оваа ревијална изложба, уметниците во изобилие ги изложуваат своите изобразби во различни техники и уште поразлични теми, но изложуваат под обединувачкиот покров на патосот за утврдување на реалноста во себе и вон себе. Делата се различни, смели и покрај неселективниот карактер на изложување градат многу солидна изложба, достојна за поводот. Како таков, овој збир дела, покрај изложбената, одлично извршува уште една функција – функцијата на наѕирање не само во уметничкиот ракурс на едно место во одреден период, туку и нотирање на метафизичките грижи и ужаси на жителите во времето.

Гледајќи ја изложбата од разни агли, промислувајќи ја од повеќе стојалишта, неизбежно е да посочиме на нејзината целовита зрелоста и на поединечните уметнички постапки со кои изложувачите заграбуваат да го „заробат“ во твар подобието на реалноста.

Continue Reading

Претходно: Германската влада го олеснува товарот од високите цени на струјата
Следно: Новореденче од Прилеп почина од сепса на Детската клиника во Скопје

Поврзани вести

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Ideale
  • Култура
  • Настани

Концерт „Ideale“ на 15 август во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 07/08/2026 08:02
plakat_carsija_bitola
  • Култура
  • Настани

Кога чаршијата пее… Битола добива свој фестивал на чалгијата

Шеталиште 07/08/2026 07:51
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани