Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

“Вечното дерби” го доби Вардар, Чкембари и Комити на трибините во Битола(Видео)

Димитар Петковски 05/11/2025 20:25
IMG_20251105_211200_422

Вечното дерби на македонскиот фудбал помеѓу Пелистер и Вардар, донесе интересен натпревар за публиката која го исполни стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а во кој победата ја забележаа скопските „црвено црни“.

https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/11/VID_20251105_121531_400.mp4

На трибините донесе и дуел помеѓу најдобрите навивачки групи во Македонија домашните Чкембари и гостинските Комити на ФК Вардар, кој  влезе како фаворит во овој меч и ја имаше иницијативата создавајќи повеќе шанси во првото полувреме.

https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/11/Messenger_creation_77B7CE5D-6B9E-4B9B-98F8-2FFDDE1A6E45.mp4

Првата шанса дојде преку Матиќ веќе во 10. минута, кога биеше со глава по изведениот корнер. Само две минути подоцна и Бабунски се обиде да го отвори резултатот по проигрување од Мато, додека во 22. минута шанса за Вардар имаше Тодоровски.

Потоа иницијативата со две шанси ја презеде домашниот Пелистер, при што првата во 26. минута преку Белиќ кој биеше од преку 20 метри, а втората во судиското надополнување од првиот дел, кога Булатовиќ од слободен удар изнуди принудна интервенција на Талески.

https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/11/VID_20251105_121528_493.mp4

Вториот дел донесе „оган на теренот“ и подигање на емоциите и кај играчите и кај публиката. Во 53. минута, Мато конвертираше во гол прекрасна асистенција од надворешаната страната на шеснаесетникот, казнувајќи ја одбраната на битолчани која не успеа да изблокира како дотогаш.

Пелистер и понатаму се обидуваше со удари од далечина, па во 59. минута Спировски од 25 метри биеше прецизно, Талески боксуваше во височина, а Петар Петковски влезе во казнениот простор и реализираше за израмнување. Судијата Грујовски на барање од вардарци побара асистенција од ВАР собата дека немало офсајд, по што голот беше потврден.

https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/11/VID_20251105_121653_061.mp4

Најубавата, но нереализирана шанса за Вардар ја имаше Омерагиќ во 68. минута, по уште едно прекрасно проигрување, но топката му отскокна пред нога и не успеа да ја скроти и упати во мрежата на Јовчевски. Сепак, во 80. минута Данев иако се тетеравеше уште од надвор од шеснаесетникот, успеа да измами реакција од одбраната на Пелистер и да биде соборен во казнениот простор, по што беше досуден пенал за Вардар. Сигурен реализатор беше Закариќ во 83. минута.

Финишот беше подеднакво жесток, при што Вардар дојде до нова шанса преку Данев од левата страна, кој истрча во лево и упати непрецизен шут кон голот на Јовчевски, додека на спротивната страна Мирко Ивановски не успеа да стопира една отскокната топка по играта со глава од Ристевски.

Капитенот на битолчани беше во преден план и кога после пробивот од десна страна бараше пенал поради игра со рака од одбранбениот играч на Вардар, како и во финишот за една повратна топка до Талески, но во двата случаја судијата Грујовски само покажа два жолти картони, заради реакциите на Спировски и Ивановски.

Вардар останува единствена непоразена екипа по 12. коло и со 30 бода се враќа на лидерската позиција, додека Пелистер може да жали за пропуштен бод, кој ќе му значеше во борбата за опстанок затоа бодови очајно мора да бара, за неколку денови Пелистер ќе му биде домаќин на Брера во Битола.

Фото ффм

Continue Reading

Претходно: Бојан Бојкоски е избран за нов претседател на Советот на Општина Битола
Следно: ФИБА ЕВРО КУП: Цедевита Јуниор повторно подобра од КК Пелистер

Поврзани вести

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани