Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

(ВИДЕО): Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина

Шеталиште 05/08/2026 07:32
Kanta-sto-zboruva-2

Во рамките на активностите за подигање на јавната свест за заштита на животната средина во Битола, Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола реализираше герила акција на градското шеталиште со поставување на паметна канта за отпадоци што зборува.

Преку интерактивни пораки и директна комуникација со минувачите, паметната канта ги поттикнуваше граѓаните правилно да го одлагаат отпадот и да размислат за сопствената улога во одржувањето на чиста и здрава животна средина. Акцијата предизвика голем интерес кај граѓаните од различни возрасти, кои со љубопитност ја следеа необичната инсталација и активно се вклучуваа во нејзината едукативна порака.

Целта на оваа герила акција беше да се поттикне поголема јавна свест за одговорното управување со отпадот, да се охрабрат позитивни навики кај граѓаните и да се истакне дека секој поединец има важна улога во создавањето почиста, поуредена и позелена Битола.

Активноста се надоврзува и на мерките предвидени во Програмата за животна средина на Општина Битола за 2026 година, која предвидува значајни инвестиции за подобрување на квалитетот на животната средина. Меѓу планираните мерки се изработка на Стратегија за развој на зеленило со буџет од 1.500.000 денари, како и поставување подземни садови за комунален отпад, за што се обезбедени 3.000.000 денари.

Со комбинација од едукативни активности, активна вклученост на граѓаните и реализација на планираните локални мерки, Битола има можност да стане почист, позелен и поодржлив град.

Герила акцијата е реализирана во рамките на швајцарскиот проект „Програма за поддршка на изборите“, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Содржината и изнесените ставови во оваа објава се одговорност на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија или на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Фото: ИНТЕРАКТИВ – Битола 

Continue Reading

Претходно: Триото „Интерарт“ со концерт на БИТ ФЕСТ
Следно: Во Грција казнуваат и за бавно возење

Поврзани вести

Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44
collage_export_DAB21032-542A-41F3-9E84-99F48DB285DA
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Театар

Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење

Шеталиште 11/08/2026 07:09
Screenshot_20260811_060256_Chrome
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Македонија ја совлада Швајцарија, oд минус 21 до пресврт на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 11/08/2026 04:03
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани