Фудбалскaта репрезентација на Македонија за играчи до 21 година во Битола на 9. септември ќе му биде домаќин на врсниците од Италија.
Со почеток од 18.15 часот на стадион „Петар Милошевски“ се очекува повторно меѓународна фудбалска ‘свирка’ да означи старт на натпревар во рамките од Kвалификациите за Европското првенство во Фудбал под 21 година кое ќе се одржи во Србија и Албанија во 2027 година.
Според видеото во прилог постирано од Општина Битола на стадионот „Петар Милошевски“, работите се во завршна фаза и сите подготовки за големиот спекаткл против Италија, кој го очекува фудбалска Битола по долги 25 години чекање на репрезетивни натпревари на сите фудбалски фанови во Битола.
Битолската чаршија деновиве наголемо зборува за овој фудбалски спектакл откако во средата беше финалното “скенирање’ од УЕФА и ФФМ а токму во петок на 5. септември е првиот меч на Македонија (У21) предводена од новиот селектор Горан Станиќ на гостински терен во Полска.
Љубителите на фудбалот на градот под Пелистер кои присустуваа пред 25 години на последниот натпревар во Битола се сеќаваат дека беше натпревар на младинската репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во Швајцарија (2002).
Одигран во Октомври далечната 2000-та година со старото и далеку познато име на стадионот “Под Тумбе Кафе” во Битола, беше домаќин на фудбалските врсници од Азербејџан и во последните минути од натпреварот загубија нашите репрезентативци со 2:1, додека единствениот гол за “црвено-жолтите” тогаш го постигна битолчанецот Илир Елмазовски во 74-тата минута.
Димитар Петковски

