Битолското “железно” момче Ален Рустемовски денес во финалето на Отвореното Балканско првенство во Пале, Босна и Херцеговина се закити со злато победувајќи го противникот од Србија, Стефан Чамовиќ со судиска одлука 5-0 .
Финална борба имаше и неговиот брат Адриан Рустемовски кој загуби од Артур Нагаптјан со (1-4)
кој е роден русин но боксува за Србија.
Вчера Давид Здравевски во кадетска конкуренција (80кг) беше поразен во борбата за златниот медал против Ѓорѓе Ѓориќ од Србија.
Честитки за битолчанецот кој со титула се враќа во родниот град и му носи ново златно одличје и на својот клуб Пелистер Јунак и нивниот тренер Јове Петровски – Оцо.
Видео – Аренафајт/Принтскрин

