Прилеп инфо

ВИДЕО: Крадец ограби манастир во Кривогаштани – Кој ќе го препознае лицето да пријави во манастирскиот одбор

Објавено e видео од кражба во манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во Oпштина Кривогаштани.

Непознато лице го ограбило манастирот во село Обрштани. На снимката од безбедносните камери се гледа машко лице со фантомка на главата како краде пари од манастирот.

„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на пресвета Богородица’ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“, апелираат од манастирот.

Крадецот зема пари и ги става во џебот. На снимката се гледа дека лицето ја зема фиоката со пари и се трга настрана.

Поврзани новости