Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

ВИДЕО + ФОТО: Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

Шеталиште 03/09/2025 15:32
marihuana--1024x617

Полициски екипи од повеќе сектори и одделенија на Министерството за внатрешни работи денеска на регионалниот пат Битола – Прилеп спречиле транспрот на околу 35 килограми марихуана, соопштија попладнево од Министерството.

Како што информираат оттаму, дрогата била запленета во рамки на засилените активности на МВР во борбата против недозволената трговија со дрога, а во денешната акција учествувале полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола и Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“.

Според МВР, дрогата била пронајдена во автомобил на 36-годишен прилепчанец, кој пред 20 дена излегол од затвор, каде издржувал казна од три и пол години поради недозволена трговија со дрога.

„По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело ‘недозволена трговија со дрога’,  на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило ‘голф’, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми“, стои во соопштението од МВР.

Дрогата, како што дополнително информираат од Министерството, во земјава била внесена од соседна Албанија, денеска во утринските часови, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Грција. Таму марихуната требало да биде предадена за понатамошен транспрот до Турција.

Прилепчанецот, како што додаваат од МВР, е лишен од слобода во Полициската станица во Битола и по комплетирањето на целокупната документација против него до Основното јавно обвинителство Битола ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Претходно: „Визер“ воведува пет нови авиолинии до Скопје и Охрид
Следно: „Чет-ГПТ“ воведува опција со која ќе ги известува родителите ако нивното дете е под интензивен стрес

Поврзани вести

pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
20260909174559_big_730x400_4
  • Прилеп инфо

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп

Шеталиште 10/09/2026 06:58
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани