Иако се на подготвки во Анталија, Турција, фудбалерите на ФК Пелистер не го заборавија значењето на големиот христијански празник Водици – Богојавление. Денес, во духот на традицијата и верата, дел од играчите симболично се фрлаа во вода покажувајќи почит кон празникот и македонските обичаи.
Овој чин уште еднаш потврдува дека, без разлика на локацијата, пелистерци ги негуваат духовните вредности и традицијата, сплотувајќи го тимот и надвор од фудбалските терени. Подготовките во Анталија продолжуваат според планот, со цел тимот што подобро да се подготви за продолжението на сезоната.
ФК Пелистер со спортски дух и верба чекори кон нови предизвици.

