Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Виена во Битола“ – Битолски Камерен Оркестар ја продолжува децениската предновогодишна традиција

admin 23/12/2024 00:00
Screenshot_20241223_113459_Gallery

На 21.12.2024, во студената саботна вечер, се одржа традиционалниот концерт „Виена во Битола“, кој претставува предновогодишен симбол на Битола.

Овој децениски културен настан, организиран од Битолскиот Камерен Оркестар ⋮IWConnect во соработка со Центар за култура Битола, уште еднаш ja започна претпразничната магија.

На сцената настапија извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска Младенова, додека пак извонредните балетски играчи Марија Кичевска, Francisko Gimenez Ruiz (Шпанија), Мими Поп-Алексова, како и истакнати солисти од Националната Опера и Балет, и мешаниот хор КУД „Стив Наумов“ направија филмска бајка на сцената.

Придружени од Битолскиот Камерен Оркестар под диригентската палка на Владимир Димовски, двата концерти Виена во Битола ги освоија срцата на публиката и го означија почетокот на празничната сезона во Битола.

Салата беше исполнета до последното место, што сведочи за огромниот интерес и љубовта на битолската публика кон овој настан. Картите за двата концерта, кои беа пуштени во продажба уште пред два месеца, беа распродадени во рекордни два дена.

Концертот „Виена во Битола“ уште еднаш потврди дека има моќ да ги собере сите генерации на едно место, музички спектакл кој ја збогатува традицијата на градот и внесе празнична радост и топлина во срцата на сите присутни.

За повеќе фотографии и информации за настаните на Битолски Камерен Оркестар.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (23.12.2024)
Следно: Револуционерна апликација и историја на парите – центарот на јубилејниот настан на MINT Fintech Group

Поврзани вести

Pres-Skopje
  • Македонија
  • Вести

Седлоски: Со офанзивен пристап против Словенија

Димитар Петковски 15/11/2026 20:16
mbghnjmk
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата

Димитар Петковски 15/11/2026 08:33
Screenshot_20261115_041259_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП

Димитар Петковски 15/11/2026 06:36
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Седлоски: Со офанзивен пристап против Словенија Pres-Skopje 1
  • Македонија
  • Вести

Седлоски: Со офанзивен пристап против Словенија

15/11/2026 20:16
Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата mbghnjmk 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата

15/11/2026 08:33
Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП Screenshot_20261115_041259_Chrome 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП

15/11/2026 06:36
Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија Screenshot_20261115_040736_Chrome 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Селекцијата до 19 години минимално поразена од Швајцарија

15/11/2026 03:08
ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола Screenshot 2026-11-14 at 17.15.44 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

ЗНМ и ССНМ: Неприфатливо попречување на новинарската работа и навреди кон новинарка од Битола

14/11/2026 16:18

Можеби сте пропуштиле

Pres-Skopje
  • Македонија
  • Вести

Седлоски: Со офанзивен пристап против Словенија

Димитар Петковски 15/11/2026 20:16
907433892_1519783199967708_6193108333973787549_n
  • Култура
  • Настани

Две години „Свесност“, една година Live sessions и заедница што продолжува да расте

Шеталиште 15/11/2026 17:43
mbghnjmk
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Кавадарчани славеа минимално над КК Пелистер и пробиja на третото место на табелата во МТЕЛ Суперлигата

Димитар Петковски 15/11/2026 08:33
Screenshot_20261115_041259_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 17 години обезбеди пласман во Лига А за место на ЕП

Димитар Петковски 15/11/2026 06:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани