Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

„Визер“ воведува пет нови авиолинии до Скопје и Охрид

Шеталиште 03/09/2025 15:24
800x600_1116947580_A320_WizzAir_first_delivery_hr

Од 6 април следната година ќе започнат летови од Неапол и Будимпешта до скопскиот аеродром. До охридскиот аеродром, пак, од 28 јуни ќе се воведат летови од Катовице, Вроцлав и Милано.

Со државни субвенции, авиокомпанијата „Визер“ воведува пет нови авиолинии до аеродромите во Скопје и во Охрид.

Од 6 април следната година ќе започнат летови од Неапол и Будимпешта до скопскиот аеродром. До охридскиот аеродром, пак, од 28 јуни ќе се воведат летови од Катовице, Вроцлав и Милано.

Според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, авиокомпанијата на скопскиот аеродром ќе има постојана флота со шест авиони. Тој вели дека се врши замена на постојните „Ербас А320“ со помодерниот модел „Ербас А321 нео“. Дополнително, како што рече, планирано е и зголемување на бројот на вработени во државава за 100, со што вкупната бројка ќе достигне 300.

Како што истакна главниот извршен директор на „Визер“, Џозеф Варади, со овие нови линии, „Визер“ значително ќе го зголеми капацитетот за патници, нудејќи 3,3 милиони седишта за Македонија во 2026 година. Тој нагласи дека овој скок е огромен во однос на понудата од 2012 година и претставува „навистина убава оперативна платформа“ за авиокомпанијата во земјата.

Субвенциите од државата ќе изнесуваат девет евра по патник за летовите кон скопскиот аеродром и 12 евра за летовите кон охридскиот аеродром.

Овие авиолинии се надополнуваат на оние што претходно беа најавени, а тие се до Стокхолм и до Мадрид кои почнуваат од 2 ноември, потоа Келн што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20 декември и Ларнака која почнува на 30 октомври.

Continue Reading

Претходно: „Мечо“ – малото вовче што ја освојува Битола со европски шмек
Следно: ВИДЕО + ФОТО: Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

Поврзани вести

grip-opsta-pexels-1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

Шеталиште 05/03/2026 13:31
iran-raketni-napadi-848x477
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

Шеталиште 05/03/2026 13:25
mickoski2-660x490
  • Македонија

Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна

Шеталиште 05/03/2026 13:23
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
-_
300 x 300
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави grip-opsta-pexels-1 1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

05/03/2026 13:31
Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

05/03/2026 13:28
Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра iran-raketni-napadi-848x477 3
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

05/03/2026 13:25
Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна mickoski2-660x490 4
  • Македонија

Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна

05/03/2026 13:23
Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански sv-lav-486x460 5
  • Македонија

Денес се празнува Свети Лав, епископ Катански

05/03/2026 11:12

Можеби сте пропуштиле

image
  • Промо

Реал Мадрид – Хетафе ја „скрои“ судбината на тикет вреден над 2.000.000 денари!

Шеталиште 05/03/2026 15:24
grip-opsta-pexels-1
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

Шеталиште 05/03/2026 13:31
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

Шеталиште 05/03/2026 13:28
iran-raketni-napadi-848x477
  • Македонија

Аркан Керим: Околу 800 македонски граѓани заглавени на Блискиот Исток, авионските билети по 20.000 евра

Шеталиште 05/03/2026 13:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани