Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

„Визер“ ги укина летовите од Скопскиот аеродром до Келн, Копенхаген и Стокхолм

admin 29/10/2024 00:00
800x600_1116947580_A320_WizzAir_first_delivery_hr

Со стапување во сила на зимскиот распоред на унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ се укинаа три авиолинии од Скопскиот аеродром – Келн, Копенхаген и Стокхолм.

На сајтот на авиокомпанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти, а нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање.

„Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите од Скопје за Дортмунд, па така во ноември и декември ќе има летови по шест пати неделно, а во шпицот околу Нова година и Божиќ ќе лета секој ден до овој град во Северна Рајна Вестфалија.

На патниците што летаа за Копенхаген во Данска, сега им останува можноста да летаат до соседниот аеродром Малме во Шведска, но засега „Визер“ не го има зголемено бројот на летови. Стокхолм останува непокриен за патниците што досега летаа до главниот град на Шведска.

Минатата недела, министерот за транспорт Александар Николоски најави дека Скопскиот и Охридскиот аеродром во 2025 година ќе се поврзат со шест нови авиолини.

Од Скопскиот аеродром ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, а Охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и со Базел Милхауз.

Министерот информираше дека државата субвенционира 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопски аеродром. Тој рече дека се очекуваат 200.000 патници плус со новите линии.

Тој додаде дека во летниот период од скопскиот аеродром оперирале 47 дестинации, а од охридскиот осум, додека во зимскиот 33 од скопскиот и четири од охридскиот аеродром. Целта е во 2025 година да има 200 илјади патници плус на двата аеродроми.

Continue Reading

Претходно: Времето денеска: Сончево со умерен ветер и температура до 27 степени
Следно: Обвинителство: Битолчанец еден час ја тепал поранешната партнерка, а откако таа си ги исекла вените насилството продолжило

Поврзани вести

bardi-pres-2-1536x1052
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Димитар Петковски 18/11/2025 11:31
Pece-Milevski
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

Шеталиште 18/11/2025 08:11
Screenshot_20251117_211921_Facebook
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

Димитар Петковски 17/11/2025 20:19
1761041924265735
300-x-250
Untitled design (11)
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Untitled_design_1

Тренд Вести

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила bardi-pres-2-1536x1052 1
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

18/11/2025 11:31
Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра Pece-Milevski 2
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

18/11/2025 08:11
Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф Screenshot_20251117_211921_Facebook 3
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

17/11/2025 20:19
Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата 581942546_861911069678442_8545183690636481806_n 4
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

17/11/2025 16:15
УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер dozd 5
  • Вести
  • Македонија

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер

17/11/2025 16:05

Можеби сте пропуштиле

bardi-pres-2-1536x1052
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Димитар Петковски 18/11/2025 11:31
horoskop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (18.11.2025)

Шеталиште 18/11/2025 08:14
Pece-Milevski
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

Шеталиште 18/11/2025 08:11
1
  • Култура
  • Настани

Влатко Лозаноски со мега шоу: „Километри Љубов“ на 7 март во арена „Борис Трајковски“

Шеталиште 18/11/2025 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани