Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром

admin 17/12/2024 00:00
avion-2

По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер.

Патниците на скопскиот аеродром, од 2025 година можат лесно да стигнат и да ја истражуваат Барселона, раздвижениот град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура; Лион, познат по својата кулинарска извонредност и историска значајност и задолжителна дестинација за љубителите на храна и љубителите на културата; и Штутгарт, познат по автомобилската индустрија и прекрасните паркови, кој нуди спој на современост и традиција; додека гостите од овие европски градови можат да ја истражуваат природата, историјата и кулинарството на Скопје и Северна Македонија.

„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Новите авиолинии од/до Барселона и Лион ќе бидат оперативни почнувајќи од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени во претстојното лето. Директните летови до/од Штутгарт почнуваат да сообраќаат од септември 2025 година.

„Овие нови авиолинии од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да нудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Визер Унгарија. „Возбудени сме што можеме да ја диверзифицираме нашата мрежа и да го поврземе Скопје со популарните дестинации како што се Барселона, Лион и Штутгарт. Овие нови конекции ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на туристите од Западна Европа да ги откријат скриените убавини на Северна Македонија.“

Резервациите за трите нови дестинации достапни од Меѓународниот аеродром Скопје се отворени од денеска, летовите ќе започнат на 3-ти мај 2025 година (Барселона) и ќе сообраќаат секој вторник и сабота, на 1-ви мај 2025 година (Лион), со летови закажани за вторник, четврток и сабота, додека летовите до Штутгарт ќе започнат да сообраќаат на 29-ти септември 2025 година, со летови три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Летовите до новите дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје може да се резервираат на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Основните цени почнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Летовите од Скопје до Барселона се достапни по цени од 31,99 евра.

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Вкупно 1.814 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата
Следно: Угостителите за престојните празници да работат во согласност со законите, апелира УЈП

Поврзани вести

49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Шеталиште 08/06/2026 13:30
paridenari10-1
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

Шеталиште 08/06/2026 11:55
IMG_20260608_093131_775
  • Вести
  • Балкан
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер!

Димитар Петковски 08/06/2026 09:32
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне 49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a 1
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

08/06/2026 13:30
Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година paridenari10-1 2
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

08/06/2026 11:55
Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1 3
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

08/06/2026 11:49
Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“ 20260608133422_big_730x400_44 4
  • Битола инфо

Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“

08/06/2026 11:40
И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер! IMG_20260608_093131_775 5
  • Вести
  • Балкан
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер!

08/06/2026 09:32

Можеби сте пропуштиле

49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Шеталиште 08/06/2026 13:30
f9893445dd9161037c72329609881103
  • Спорт
  • Останати

НОВИ ТИТУЛИ, НОВИ ПОБЕДИ – АК ОЛИМП ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПИШУВА УСПЕШНАТА СЕЗОНА

Шеталиште 08/06/2026 13:27
paridenari10-1
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

Шеталиште 08/06/2026 11:55
gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

Шеталиште 08/06/2026 11:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани