Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Моја кујна
  • Рецепти

Вистински есенски десерт: Рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо

admin 11/09/2023 00:00
profimedia-0653576842-1024x683-2

Кој може да одолее на вкусна пита во студените есенски денови кои се пред нас?

Ние ви предлагаме рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо, која ќе ги задоволи и оние кои се најпребирливи кога станува збор за храната, пишува „Пун куфер“.

Потребни состојки:
300 грама брашно
170 грама путер
2 лажици шеќер
1-2 лажици ладна вода
Состојки за филот:
340 грама ореви
200 грама кафеав шеќер
125 милилитри мед
125 милилитри слатка павлака
115 грама путер
55 грама темно чоколадо
Подготовка:
Исечете го путерот на коцки со големина од околу еден сантиметар. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот и коцките путер. Со прстите замесете ги путерот и брашното додека не се соединат сите состојки. Додадете една лажица ладна вода и измешајте ги сите состојки со виљушка.

Ако можете да формирате топка од тестото со рацете без да се распадне, тестото е готово. Ако не можете, додадете ја преостанатата лажица вода и повторно измешајте.

Направете топка од тестото, завиткајте го во проѕирна пластична фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час. Можете да го оставите тестото во фрижидер преку ноќ.

Изладеното тесто ставете го помеѓу две парчиња хартија за печење и расукајте го во круг со дијаметар од околу 30 сантиметри. Префрлете го расуканото тесто во претходно намачкан калап за пита. Ставете го во фрижидер да отстои околу половина час.

Над изладеното тесто ставете хартија за печење и наполнете го со керамички топчиња за печење или суров ориз. Ставете го тестото во загреана рерна на 200 степени целзиусови и печете околу 35 минути. Извадете ги топчињата и хартијата за печење и проверете дали тестото е испечено до крај. Ако не е, ставете го во рерна уште три до пет минути.

Оставете да се излади кората за пита.

Намалете ја температурата на рерната на 180 степени целзиусови.

За фил: исечкајте ги оревите. Во тенџере растопете путер со кафеав шеќер и мед. Измешајте сè и варете околу една минута. Потоа додадете ги оревите и слатката павлака. Гответе уште една минута, а потоа истурете сè заедно врз кората.

Вратете ја питата во рерна уште 30 минути.

Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка и посипете го врз оревите на питата.

Добар апетит!

Continue Reading

Претходно: Денес е тежок празник: Отсекување на главата на Св. Јован Крстител – не смее да се прави ова
Следно: Доларот ќе остане силен до крајот на годината, но ќе ослабне следната

Поврзани вести

20261112093701_big_730x400_43
  • Рецепти

Домашни крофни

Шеталиште 12/11/2026 09:11
20261109104549_big_730x400_14
  • Рецепти

Посна крем чорба

Шеталиште 09/11/2026 10:19
20261105091926_big_730x400_88
  • Рецепти

Домашни путер кроасани

Шеталиште 05/11/2026 09:08
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Советот на Битола ги усвои развојните планови за периодот 2027-2029 година Советот на Битола ги усвои развојните планови за периодот 2027-2029 година 1
  • Вести
  • Битола инфо

Советот на Битола ги усвои развојните планови за периодот 2027-2029 година

16/11/2026 08:39
Денес стартува тутунската сезона: Првите килограми тутун на вагите во Прилеп tutun-otkup 2
  • Прилеп инфо

Денес стартува тутунската сезона: Првите килограми тутун на вагите во Прилеп

16/11/2026 08:09
Денеска го празнуваме Светиот великомаченик Георгиј Победоносец george1-780x470 3
  • Македонија

Денеска го празнуваме Светиот великомаченик Георгиј Победоносец

16/11/2026 08:05
Под мотото „Мали бебиња, голем потенцијал“ ќе биде одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња 20261115125952_big_730x400_27 4
  • Македонија

Под мотото „Мали бебиња, голем потенцијал“ ќе биде одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња

16/11/2026 08:02
Дожд и затоплување во наредните денови, од среда јужен ветер над 60 километри на час dozd-avtomobil-pat 5
  • Македонија

Дожд и затоплување во наредните денови, од среда јужен ветер над 60 километри на час

16/11/2026 08:01

Можеби сте пропуштиле

Советот на Битола ги усвои развојните планови за периодот 2027-2029 година
  • Вести
  • Битола инфо

Советот на Битола ги усвои развојните планови за периодот 2027-2029 година

Васка М.Младеновска 16/11/2026 08:39
tutun-otkup
  • Прилеп инфо

Денес стартува тутунската сезона: Првите килограми тутун на вагите во Прилеп

Шеталиште 16/11/2026 08:09
george1-780x470
  • Македонија

Денеска го празнуваме Светиот великомаченик Георгиј Победоносец

Шеталиште 16/11/2026 08:05
20261115125952_big_730x400_27
  • Македонија

Под мотото „Мали бебиња, голем потенцијал“ ќе биде одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња

Шеталиште 16/11/2026 08:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани