Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Витамин Ц: Седум полезни напивки

Шеталиште 10/12/2025 12:19
Sok-od-portokal

Витаминот Ц е есенцијална хранлива материја којашто има многу важни улоги во здравјето. Тој е моќен антиоксиданс, неопходен е за лачењето колаген, имунолошките функции и ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо. Следат седум полезни напивки.

Многу пијалаци, како што се сокот и смутито, содржат импресивни количини на витамин Ц и можат да бидат практичен начин за зголемување на внесот. Во таа смисла, се издвојува сокот од портокал. Истражувањата покажуваат дека овој сок може да има корист и за когнитивната функција и здравјето на срцето, а го подобрува и целокупниот нутритивен квалитет. Чаша свежо исцеден сок обезбедува 120 отсто од дневните потреби за витамин Ц, што го прави еден од најдобрите извори на овој витамин што може да се пие.

Сокот од портокал е полн со заштитни растителни соединенија, како што се флавоноидните антиоксиданси, но и калиум и фолна киселина и други витамини и минерали.

Сокот од грејпфрут е моќен извор на витамин Ц, при што една чаша содржи повеќе од 100 отсто од дневните потреби на еден човек. Овој сок е, исто така, полн витамин А и моќни растителни соединенија, вклучувајќи каротеноиди и флавоноиди како нарингин, коишто помагаат телото да управува со оксидативниот стрес и воспалението.

Истражувањата покажуваат дека пиењето сок од грејпфрут може да го зголеми нивото на витамин Ц и нарингин во крвта, а воедно да ја подобри и целокупната способност на крвта да ги неутрализира штетните слободни радикали.

И свежите домати содржат солидна доза витамин Ц, но концентрираните форми како – сокот од домати, содржат значително повеќе по порција. Домат од приближно 100 грама, на пр., обезбедува нешто помалку од 20 отсто од препорачаниот дневен внос, додека чаша сок од домати содржи 136 отсто од препорачаниот внос на витамин Ц. Покрај витамин Ц, сокот од домати е добар извор на калиум и ликопен – растителен пигмент со силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Чаша сок од ананас, пак, содржи повеќе од 27 отсто од дневната потреба за витамин Ц, а има и други есенцијални витамини и минерали, како што се фолната киселина и Б-6. Сокот од ананас содржи и флавоноиди, но и бромелаин – ензим со моќни антиинфламаторни својства.

Сокот од брусница со низок шеќер обезбедува обилна доза витамин Ц, заедно со корисни растителни соединенија како проантоцијанидини, за коишто е познато дека го поддржуваат здравјето на уринарниот тракт. Иако се потребни натамошни истражувања, витаминот Ц може да помогне во претворањето на соединението во урината наречено нитрит во азотен оксид, којшто може да ги убие штетните бактерии. Тоа спречува бактериите што предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, како што е „Ешерихија коли“, да се залепат на слузницата на мочниот меур и другите поврзани органи.

Смути може да се пие како здрава ужина или лесен оброк кога се нема многу време за јадење. Чаша сомелени замрзнати јагоди со процеден јогурт покрива повеќе од 68 отсто од потребите за витамин Ц и обезбедува 25 грама протеини. Може и дополнително да се зголеми содржината на витамин Ц со мешање на друго овошје или зеленчук богато со витамин Ц – покрај јагодите, како што е киви или кељ.

Ако сакате да ги избегнете калориите и високата содржина на јаглехидрати во сокот, но сепак сакате напиток богат со витамин Ц, пробајте лимонада. Цедењето свеж лимон или додавањето лажица сок од лимон во водата може да додаде значителна доза витамин Ц во исхраната. Водата со исцеден лимон во неа содржи повеќе од 20 отсто од дневните потреби за витамин Ц.  

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури
Следно: Филипче за предлогот за разрешување на Коцевски: Ние сме против концептот на притисок кон било кого во правосудството

Поврзани вести

test-korona-1068x712-2
  • Здравје

Секоја недела се јавуваат нови подваријанти на коронавирусот, дали ни се заканува нов зимски бран на инфекции?

Шеталиште 16/09/2026 06:41
Melanoma-4
  • Здравје

ЦИМ: Куба разви лек против меланом

Шеталиште 27/08/2026 08:56
zdrava-hrana-freepik
  • Здравје

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Шеталиште 30/07/2026 11:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани