ГРК Охрид вечерва во „Билјанини Извори“ ќе го пречека Еурофарм Пелистер со почеток од 19:00 часот.
Охриѓани во оваа сезона влегуваат со високи амбиции и изменет состав, со еден од најбитните фигури претходната сезона е тренерот, Борис Ројевиќ на кој пред неколку дена му го продолжија договорот до 2029-та година.

Многу натпревари, многу противници и предизвици и многу борби на спортските терени. Но, и борби со себе индивидуално и колективно, градење на тимски дух, мотивација, работа…. верба во сите нас дека можеме…. Клубот, тимот, публиката – Среќна и успешна сезона!!! – стои во постот на битолчани на социјалните мрежи.
Пред дерби мечот против Е.Пелистер, Мартин Ивановски изјави:
Сметам дека одбраната ќе биде клучен фактор. Кој ќе одигра подобра одбрана и ќе постигне повеќе брзи голови ќе биде поблиску до победа .
ГРК Охрид пред неколку денови во Суперкупот на Македонија, беа поразени од шампионот Вардар со 32:31.

