Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Технологија
  • Живот

ВИ ги загрозува веродостојноста и точните информации на интернет

Шеталиште 20/10/2025 07:26
wikipedia

„Викимедија“ – фондацијата којашто стои зад аматерската интернет-енциклопедија „Википедија“, предупреди за влијанието што вештачката генеративна интелигенција (ВГИ или ВИ) го има врз веродостојноста на знаењето и информациите на интернет. Во своја блог-објава, имено, директорот на фондацијата, Маршал Милер истакна и дека ВИ и пребарувањето со четботови придонесува за пад на посетеноста на „Википедија“, а тоа води кон повеќе неверодостојна содржина.

– Веруваме дека овие намалувања го одразуваат влијанието на ВГИ и социјалните мрежи врз начинот на којшто луѓето бараат информации, особено затоа што пребарувачите сега им даваат одговори директно на корисниците, честопати врз основа на содржина од Википедија, рече Милер.

Фондацијата, се вели, сѐ повеќе се соочува со ВИ-ботови чијашто софистицираност го достигнала тоа ниво, каде што е тешко да се разликува човековото од автоматизираното пребарување. Откако „Википедија“ го подобрила својот систем за откривање ботови, прегледите на страниците паднале за 8 отсто во споредба со претходната година.

Милер предупредува дека ова е многу повеќе од статистички проблем, и предлага ВИ и пребарувачите да ги охрабрат корисниците да го посетат изворот на информации.

– Ако падот на посетеноста продолжи, тоа би можело да ја загрози единствената страница од своја големина што одржува стандарди за проверливост, неутралност и транспарентност во обезбедувањето податоци на интернет… За луѓето да им веруваат на информациите на интернет, платформите треба јасно да го истакнат изворот и да им дозволат на корисниците да го посетат и да придонесат за него, рече тој.

Со други зборови, помалку посети на страната на „Википедија“ значат помалку доброволни уредувачи, помалку донации и, на крајот – помалку веродостојна содржина.

Порано оваа година, „Википедија“ објави размисли за воведување резимеа генерирани од ВИ на врвот од статиите, но планот беше отфрлен по силното противење од заедницата на уредувачите.

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: Меѓународните набљудувачи ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025
Следно: Јаневска на министерски состанок за истражувања и иновации во Подгорица

Поврзани вести

lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
robot-sah
  • Живот
  • Технологија

Руски научници конструираа робот шахист со вештачка интелигенција

Шеталиште 23/04/2026 13:46
smart
  • Живот
  • Автомобили

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември

Шеталиште 23/04/2026 13:40
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 3
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 4
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 5
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34

Можеби сте пропуштиле

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани