Оваа торта е богата со чоколадо, мека и сочна – идеална за родендени или семејни прослави.
Состојки за бисквит:
- 3 јајца
- Прстофат сол
- 150 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер (8 г)
- 100 мл масло
- 100 мл млеко
- 160 г брашно
- 20 г какао
- 1 лажичка прашок за печиво
Состојки за фил:
- 200 г темно чоколадо
- 150 г шеќер во прав
- 4 жолчки
- 125 мл млеко
- 150 г путер или маргарин
- 1 кесичка шлаг крем
Подготовка:
- Бисквит:
- Измати ги белките со прстофат сол, па постепено додај шеќер.
- Додај ги жолчките една по една, па масло и млеко.
- На крај промешај брашно, какао и прашок за печиво.
- Смесата истури ја во калап и печи на 180°C околу 25–30 минути.
- Фил:
- Жолчките измати ги со шеќер во прав и вари ги на пареа додека згуснат.
- Чоколадото стопи го со млеко и соедини го со жолчките.
- Додај пенасто изматен путер и добро промешај.
- На крај измати шлаг крем со млеко и соедини го со филот.
- Составување:
- Исечи го бисквитот на два или три дела.
- Премачкај секој слој со фил и состави ја тортата.
- Одозгора премачкај со остатокот од филот и декорирај по желба.
Фото: www.dovesfarm.co.uk/

