Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Владата ќе го зголемува минималецот за 2.200 денари и ќе изнесува 24.400 денари

admin 25/03/2025 00:00
paridenari10-1

Минималната плата за март оваа година, што ќе се исплатува од април, ќе изнесува околу 24.400 денари, односно за околу 2.200 денари повеќе во однос на досегашната. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по поставување на камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани.

Тоа значи дека, барем засега, паѓа во вода барањето на Сојузот на синдикати за минимална плата од 500 евра, но останува нејасно и како ќе се донесе одлука за минималната плата според постојниот закон, бидејќи во него се вели дека и за законското усогласување е потребно мислење на Економско-социјалниот освет, кој во моментов практично е парализиран, бидејќи сѐ уште не е утврдена репрезентативност на синдикатот.

Запрашан кога ќе биде закажана седницата на Економско-социјалниот совет и дали ќе се разговара за минималната плата, бидејќи е веќе 25 март и треба да се одреди висината на минималецот, Мицкоски рече дека за денес е закажана владина седница на која ќе стане збор и за ова прашање.

„Јас разговарав со министерот за економија и труд, денеска ќе поминеме информација согласно законот, мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24.400 денари, така е според законот. Сега немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет, се формираше комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Се надевам тој што ќе биде или тие што ќе бидат репрезентативни претставници на работниците, заедно со работодавачите ќе постигнат консензус, а ние рековме тој консензус што ќе го постигнат ние ќе го почитуваме“, рече Мицкоски, појаснувајќи дека зголемувањето што ќе се исплати со мартовската плата што ќе се исплати во април ќе изнесува отприлика 2.200 денари повеќе во однос на сегашната минимална плата.

Инаку, според постојниот Закон за минимална плата, исплатената висина на минимална плата во бруто износ за март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нетоплата во Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Исто така, се вели дека висината на минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето-плата за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Но исто така, во законот има и одредба во која се посочува дека министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во бруто износ во месец март секоја година, која ќе започне да се исплатува со исплатата на платата за март во тековната година, што во овој случај, не е сторено, бидејќи во Економско-социјалниот совет сѐ уште нема одредено кој синдикат ќе учествува поради тоа што не е определена репрезентативност на синдикатот.

И министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши не е целсоно прецизен како че се донесе таква одлука без мислење на Економско социјалниот совет.

Запрашан денеска на прес конференција како ќе се зголеми минималната плата кога договор на Економско социјалниот совет немаше, репрезентаивност на сидникатите се уште нема, и по кое мислење и по кој предлог ќе се утврдува повисоката минимална плата Дурмиши рече дека има закон кој е во сила и за кој синдикатите и работодавачите се усогласилеза начинот на зголемување на минималната плата, која треба да се определи до крајот на овој месец, како и дека се прават пресметките и се утврдува минималната плата.

„Комисијата за утврдување на репрезентативност на синдикатите веќе е формирана минатата недела на седница на влада, тие почнаа да работат за да се одбере кој синдикат исполнува услови за да биде репрезентаивен. Веднаш ќе го свикаме Економско социјалниот совет каде што ќе го отвариме како тема прашањето за минимална плата, а ако се договорат за друг износ на минималната плата ние ќе бидеме таму за да им помагаме на двете страни“, рече Дурмиши.

Тој додаде дека, сега за сега, согласно законот кој е во сила, треба до крајот на овој месец да се утврди минималната плата, иако „ситуацијата ни е без репрезентаивност на синдикатите“.

„Мислам дека многу брзо ќе се утврди репрезентативност на синдикатот, комисијата има работа бидејќи треба да се проверат многу документи, но таа комисија е веќе формирана и веќе работат во оваа насока“, рече Дурмиши.

Continue Reading

Претходно: 80 години ну Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
Следно: ЌЕ ИМА МНОГУ ДОЖД: Локално ќе наврнат над 70 литри дожд, можни се поплави

Поврзани вести

IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

Димитар Петковски 07/05/2026 20:12
20260507131408_big_730x400_72
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Шеталиште 07/05/2026 11:24
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ IMG_3256 1
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

07/05/2026 20:24
Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961! IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

07/05/2026 20:12
Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија 20260507131408_big_730x400_72 3
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

07/05/2026 11:24
Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености 607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375 4
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

07/05/2026 11:23
На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани blato 5
  • Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

07/05/2026 11:07

Можеби сте пропуштиле

IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

Димитар Петковски 07/05/2026 20:12
20260507131408_big_730x400_72
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Шеталиште 07/05/2026 11:24
607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

Шеталиште 07/05/2026 11:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани