Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Влатко Стефановски со нов инструментален албум

Шеталиште 02/12/2025 08:48
Vlatko-Stefanovski

Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект „Хитмејкер – Ѓорѓе Новковиќ“, коишто се веќе достапни како ново дигитално издание на „Кроација рекордс“ (Croatia Records), најголемата дискографска куќа во регионот.

Станува збор за целосна колекција од 10 безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во препознатливиот, емотивен и суверен стил на Стефановски. Специјалното дигитално издание „Guitar sings“ ги донесува инструменталните верзии на песните „Зора је“, „Нада“, „Жута ружа“, „Остала си увијек иста“, „Вирујен у те“, „Прва ноќ са њом“, „Јужњаци“, како и три песни во чии вокални верзии учествуваа Петар Грашо („Ако ме оставиш“), Борис Новковиќ („Такав је живот“) и Мија Димшиќ („Стари Пјер“). Овојпат песните дишат поинаку – без вокали, но со полнокрвната гитарска експресија на Стефановски, којашто, како што се вели во соопштението – ја истакнува мелодиската сила на композициите на хитмејкерот Ѓорѓе Новковиќ.

Овие инструментали се снимени како засебен уметнички концепт, создавајќи атмосфера што истовремено пренесува носталгија, виртуозност и современост. Дигиталното издание е достапно на сите стриминг-платформи, додека до крајот на годината проектот ќе биде објавен и на ЦД, а на почетокот од следната година и на винил, со што целиот инструментален материјал ќе добие и свои физички изданија.

Со ова издание, издавачката куќа, се наведува, дополнително ја проширува приказната на проектот „Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ“, носејќи ѝ на публиката ново, ненаметливо, интимно и врвно музичко искуство потпишано од единствениот – Влатко Стефановски.

Фото: „Кроација рекордс“

Continue Reading

Претходно: Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил
Следно: Селекторот на машката сениорска репрезентација го објави поширокиот список на ракометари за ЕУРО 2026 во ракомет

Поврзани вести

VLOG
  • Промо

Твоето следно возило те чека во Минт Центар

Шеталиште 03/09/2026 13:26
BACK_TO_SCHOOL_-_VLOG
  • Промо

Учебната година почна, а ти уште не си спремен? Mint Store е тука!

Шеталиште 03/09/2026 12:24
_Mintins
  • Промо

Повеќе понуди, Полесен избор со Минт Инс

Шеталиште 31/08/2026 07:59
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани