Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Влезници по половина цена во сите културни установи за студентите

admin 31/01/2024 00:00
20240131-vleznici-po-polovina-cena-vo-site-kulturni-ustanovi-za-studentite-m

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој предвидува 50 отсто намалување на цената на влезниците за сите студенти што ќе приложат индекс со заверен семестар за влез во националните установи.

Овој Меморандум ги опфаќа сите национални установи во државата, а целта е студентите да имаат еднаква можност на културната сцена, да се зголеми нивното присуство во културните установи, да имаат можност да ги посетат сите културни настани што ги организираат сите национални установи во државата, и ќе се помогне за олеснување на нивниот стандард.

Министерката Костадиновска-Стојчевска по потпишувањето на Меморандумот изјави дека со ова вложуваат во идните генерации и претставуваат пример како понатаму треба да се регулираат нивните права и обврски.

– Она што досега беше регулирано само на ниво на установи, сега го регулираме на ниво на цело Министерство, со тоа што на локалните установи само ќе им укажеме дека оваа мерка ја потпишавме, потоа тие ќе одлучат како понатаму ќе постапат. Студентите, односно младите беа и се во фокус од самиот почеток на мојот мандат, тоа го предвидовме и во Законот за култура, кој е во работна верзија, каде што предвидовме нула работно искуство, односно категории со нула работно искуство, при што им овозможуваме на студентите да можат веднаш да се вработат во некоја од националните установи – рече министерката.

По потпишувањето на Меморандумот, Николовски изјави дека ова е дел од програмата на Универзитетското студентско собрание за подобрување на студентскиот стандард и студентските можности во нашата држава.

Continue Reading

Претходно: Намалување на платата на администрацијата за 2.500 денари од март предвидува законот што стигна во Собранието, предупреди ССМ
Следно: Денес православните го слават Свети Атанасиј Велики (Зимски)

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани