Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Визијата на ДУИ за Македонија е продавање на македонскиот идентитет и рушење на институциите

Шеталиште 11/08/2025 13:32
vmro-dpmne

Ја видовме визијата на ДУИ за Македонија, побратимување со своите измеќари од СДС, продавање на македонскиот идентитет, рушење на институциите и пљачка на државниот имот. Тоа е визијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Ахмети и ДУИ,  што МИА ја пренесува во интегрална форма.

Ако се направи анализа на тајкунскиот карактер на функционерите на ДУИ кои од овчари станаа милионери, и се стави сето тоа во еден визионерски контекст на Ахмети, ќе сфатиме дека во право се старите мудри Македонци и Албанци кои велат: „Нема ништо полошо од ненаситен човек.“ Но, за ова не е виновен ДУИ, туку СДС. СДС се тие кои дозволија ДУИ да метастазира во општеството, јадејќи ги клетките на сите граѓани во оваа држава, без разлика на етничка припадност.

Буџетот на Македонија за ДУИ беше цуцла-успивалка и секогаш кога ќе почувствуваа мала несигурност и анксиозност, тие мораа да украдат нешто за да се смират. Тоа е буџет од даноци кои ги плаќаат сите граѓани.

А ДУИ тоа го правеше затоа што во СДС имаше поткупливи, корумпирани политичари кои исто така сакаа да крадат и беа седнати, поради своите страсти, во скутот на ДУИ и заедно со нив тераа и си молчеа.

Целата јавност треба да е свесна дека визијата на Ахмети е таа. Пљачкање на Македонија, создавање тајкуни и мафијаши од овчари и неписмени уличари, и давање визионерска идеолошка обланда на сето тоа под плаштот на борба за демократија, права или европска иднина.

Ова не важи за чесните членови на ДУИ кои ги почитуваме и со кои, иако некогаш не се согласуваме, можеме и да соработуваме. Ова важи за дел од функционерите кои го имаат окупирано ДУИ и не се реформира и не дава на чесните да доминираат, преку дивјаштво и злоупотреба врз албанскиот народ во државата, кој живее со проблеми и сиромашно исто како и Македонците и останатите, кои сите заедно делат исти предизвици за кои работиме да ги надминуваме.

На Албанците им се потребни луѓе кои ќе им го подобрат животот и секојдневието, и ќе им донесат повеќе пари и можности, а не личности како дел од овие од ДУИ кои ги злоупотребуваат и си создаваат можности и пари само за нив.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Претходно: Во Битола и околината е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција
Следно: Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Поврзани вести

jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 1
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 2
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40
АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден jajca 3
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

16/04/2026 09:39
Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12
Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули Zgrada-na-Sobranieto 5
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

16/04/2026 07:09

Можеби сте пропуштиле

germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15
nikoloski-660x500
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

Шеталиште 16/04/2026 09:40
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
20260415131242_big_730x400_61
  • Рецепти

Чизкејк со јагоди

Шеталиште 16/04/2026 09:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани