Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ го прослави роденденот со собир во амфитеатарот во Хераклеја

Шеталиште 18/06/2025 06:45
1000002179

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одбра да ги одбележи 35-те години од основањето на специфичен локалитет – амфитеатарот во Хераклеа крај Битола. Главен говорник беше лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Тој рече дека целта на Владата е да изгради праведно општество во кое нема да има привилегирани, туку ќе има правда за сите.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но, денес, нашата држава е една од најбрзорастечките во Европа со четвртиот највисок економски раст. Сепак, силна Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите кои не дефинираат како народ. Конзервативните вредности на семејството, традицијата, трудот, честа, нацијата, редот, правдата и одговорноста се нашиот стожер“.

Тој изнесе 15 конкретни мерки на кои се фокусира Владата меѓу кои се инвестиции во инфраструктурата (подобри патишта, железници и енергетски мрежи), поддршка за домашните компании преку олеснети услови за работа, создавање нови работни места со фокус на младите, подобрување на условите за работниците (сигурност и достоинствено плати), програми за стабилност и развој на земјоделството, зголемување на пензиите и подобрување на социјалната заштита и унапредување на здравството (изградба на нови болници, современа опрема и квалитетен кадар).

„Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, најдоброто допрва доаѓа. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој. Нашата желба е секој граѓанин да осети подобрување во својот живот. Затоа и велам – тешко е сега, но нема да отстапиме, нема да се откажеме. Јас сум горд што сум дел од овој тим и оваа партија. Мојата лична приказна е приказна за човек кој никогаш не се предал, кој секогаш верувал во Македонија и нејзиниот народ“.

Во говорот Мицкоски им порача на своите функционери – „не заборавајте кои сте, од каде дојдовте и кому му служите“. Воедно повика на искрена самокритика и совест кај секој член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Секој што мисли дека фотелјата е само лична придобивка, потенцира, нека размисли повторно.

„Секое отстпапување од вредностите кои ги застапуваме нема да остане неказнето или неприметено. И ниту еден од вас не е незаменлив, колку и да е близок до мене. Мора да знаете дека ниту една ваша функција, ниту една позиција не ви е сигурна и таму ќе бидете се додека служите и заедно работиме за народот“, подвлече Мицкоски.

Според него, несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување, а достојното и пријателско седење на столчето, на гајбата пред кооперацијата или на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата.

Тој на крајот од своето обраќање им се поклони на основачите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите борци за ВМРО, на сите кои „воздивнуваат и треперат при секој предизвик на партијата и искрено се радуваат и втемелуваат во секој успех, на сите кои од 1990 година до денеска се дел од партијата која ја носеше и канализираше мислата и идејата за слободна, демократска и независна Македонија“.

Во уметничкиот дел настапи Камерниот оркестар на Битола, групата “Меморија“, Полина, Сузана Спасовска и Мишко Крстевски.

Претседателот Мицковски во Битола беше од вчера, а посети неколку објекти кои се во изградба, меѓу кои и влезот од страната на Прилеп, и ја најави реконтрукцијатата на поранешното кино “Партизан“.

Continue Reading

Претходно: Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи
Следно: Осумте македонски државјани кои побараа евакуација од Израел на безбедно

Поврзани вести

20261009093754_big_730x400_97
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

Шеталиште 09/10/2026 07:52
granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани