Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче уживаат со украдени пари од народот во Грција на скапи јахти

Шеталиште 11/08/2025 13:39
Mile Lefkov

Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор. Секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде се наоѓа одморот. Проблемот е лицемерието кое го шират и друштвото во кое се наоѓа Венко Филипче. Додека на Бихачка штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на прес-конференција, што МИА ја пренесува во интегрална форма.

Додека Венко Филипче и СДС имаат лажно душегрижништво за правата на работниците, велат дека има ниска минимална плата и притоа велат дека знаат како му е на народот, го гледаме Венко Филипче во друштво на Зоран Заев на јахта во Грција.

Проблемот е што криминалниот тандем Заев и Филипче уживаат со украдени пари од народот во Грција на скапи јахти.

Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?

Доколку јахтата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена?

Почитувани,

Со ова Венко Филипче докажува дека е само привезок на Зоран Заев.

Кога на Зоран Заев му требаше жртва за корона кризата тука беше Венко Филипче. Кога му требаше некој да му ја грее претседателската фотелја во СДС тука беше Венко Филипче. Сега кога му треба друштво на Заев за одмор тука е Венко Филипче.

Чалам, луксуз, скапи јахти, коли, мотори и ресторани. Ниту ги интересираат граѓаните кои поради нив живееја со 150 денари на ден, ниту пак знаеја како да им ги решат проблемите. Тие знаат само за тендери и провизии.

И на власт и во опозиција со украдените пари, уживаат во октоподи, лигњи, тропски плодови, за нив ништо се нема сменето, бидејќи се заштитени од ЈО Коцевски кој ги брани со своето останување на позицијата јавен обвинител.

Заев и Филипче мора да бидат историја, а секако, и да одговараат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Continue Reading

Претходно: МЗ: Министерството имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на Стоматолошката комора, констатирани се неправилности
Следно: Реакција на ДУИ на изјавата на премиерот Мицкоски

Поврзани вести

FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19
20260421091405_big_730x400_45
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

Шеталиште 21/04/2026 07:51
20260421093331_big_730x400_94
  • Македонија

Привремено недостапни електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk

Шеталиште 21/04/2026 07:51
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани