Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче и СДСМ да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога

Шеталиште 15/02/2026 09:39
VMRO-DPMNE

Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што Шеталиште го објавува интегрално.

По се што Филипче и СДС, се обидуваат да и сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана.

Филипче и Заев како најпознато криминално дуо кое некогаш постоело во земјава имаат оставено црн печат секаде, во секој сектор, во секоја институција, во секоја пора на општеството.

Околу темата за канабисот, Филипче пред неколку дена на национална телевизија беше видливо нервозен и конфузен, а Заев пак никна на социјалните мрежи со статуси кои очигледно беа напишани во паника.

Јавноста се сеќава кога во 2020 година, ова дуо сакаше да ја легализираат марихуаната во земјава, па откако тоа не им успеа, се фрлија на масовно издавање лиценци за медицински канабис на лица кои беа блиски до СДС.

Па така, за кратко време струмичкиот регион стана жариште на производство на марихуана, значи имало координирано ширење на индустријата под покровителство на Заев и Филипче.

Клучниот момент е измената на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, каде во член 2 се додаде можноста канабисот да се одгледува и на отворено.

Овој подзаконски акт за канабис е во директна колизија со законот, бидејќи дозволува производство на канабис цвет кој не ги исполнува ГМП стандардите. Ако не ги исполнува тие стандарди, финалниот производ не може легално да се користи како медицински.

Уште еден нарко канал на Заев и Филипче се разобличува, а за кој сега реагираат со нервозни деманти и преку обиди за дефокусирање на јавноста.

По големите заплени на марихуана од компании со лиценци за медицинско производство, каде во прашање се 40 тони марихуана, 70% од истите или некаде околу 30 тони потекнуваат од „ЦБД Медплант“, или фирма основана во 2018 година од страна на блиски луѓе до Заев, поконкретно Христијан Котев, син на Тони Котев, кој е поранешен претседател на ОО на СДС во Ново Село, и човек близок до Заев.

Наместо да водат кампања која е само спин и манипулација, Филипче и СДС можат јавно да објаснат каде завршувала марихуаната што, според законите, не можела да се користи како легален медицински производ. Јавноста има право да знае дали станува збор за лични или партиски интереси и кој имал профит од овој нелегален бизнис.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство итно и темелно да ја истражи целосната релација помеѓу Заев и Филипче, нивната можна вмешаност и одговорност во случајот со запленетите 30 тони марихуана, како и сите околности што упатуваат на партиски и лични интереси во нарко-бизнисот. Јавноста заслужува целосна транспарентност и еднаквост пред законот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално?
Следно: До 15. март не тргнувајте на пат без зимска опрема во возилата

Поврзани вести

dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
sv-agatangel-594x460
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

Шеталиште 12/03/2026 10:21
20260312102727_big_730x400_26
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

Шеталиште 12/03/2026 10:16
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре thessaloniki-e75-750x375 1
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12/03/2026 12:06
Златото денеска се продава по 144 евра за грам zlato-960x540-1 2
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

12/03/2026 10:55
Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 5
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16

Можеби сте пропуштиле

thessaloniki-e75-750x375
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

Шеталиште 12/03/2026 12:06
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани