Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Филипче се врати во Скопје и во улога на партиски портпарол глуми грижа за државата и граѓаните

Шеталиште 05/05/2026 15:28
vmro-dpmne

Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Венко Филипче се врати во Скопје и пак во улога на партиски портпарол лие крокодилски солзи, глумејќи грижа за државата и граѓаните.

Истиот тој Филипче, кој беше дел од владата на Зоран Заев, кој ја опљачка државата, ги осиромаши граѓаните, ги уништи институциите, ја опустоши економијата, го уништи стандардот на граѓаните, така што пола милион граѓани ги донесоа на просјачки стап со по 150 денари на ден и со одвај по еден оброк дневно.

А, Венко Филипче, како министер за здравство во таа влада на Заев, е посебна приказна. Во корона периодот, кога требаше да покаже вистинска грижа за граѓаните и државата, тој мислеше само како да намести тендери за некој процент плус да му заврши во неговиот длабок џеб.

Така, наместо здравјето на граѓаните да му е приоритет, тој избра да биде главен тендераш, лично подготвувајќи ја тендерската спецификација за модуларните болници, каде во Тетово животите ги загубија 14 македонски граѓани, поради лошите стандарди и неквалитетни материјали, за Филипче да ќари 20% од проектот.

Исто е со приватизацијата на стерилизацијата, обидите за набавка за ковид вакцини по цена дупло повисока од пазарната, и тоа од компанија што се занимава со продажба на овошје, како желбата да ја купи приватната клиника Жан Митрев по багателна цена.

А за криминалот и пљачката на енергетскиот сектор, јасно зборува луксузниот џип Ауди Q8, кој Филипче го доби подарок од фирмата која добила милионски тендери за набавка на јаглен за потребите на ЕСМ.

Тоа што Филипче и СДС направија евроинтеграцијата на државата е само срамната слика во авионот на владина свита, лажејќи ја македонската јавност дека ги отвориле преговорите се ЕУ, додека од друга страна најверни другари им беа прорускиот криминалец Онишченко, кому му доделија македонско државјанство, белорускиот конзул Борче Марковски, кому му доделиле 77 државни тендери од кои 66 во вредност од 141 милион евра беа од ЕСМ, како и прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, за кој Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваше ДУП во Тетово, за да му овозможи изградба на 2.000 станбени единици вредни 200 милиони евра.

СДС е партијата која ја остави државата со висок јавен долг и економска нестабилност, а денес Филипче лицемерно зборува за финансиска дисциплина и бара воведување на некакви нивни предлог мерки. Го потсетува дека токму нивните штетни политики доведоа до енергетска криза, инфлација, сиромаштија и нарушена бизнис клима.

Владата предводена од Христијан Мицкоски спроведува одговорни и одржливи мерки за заштита на стандардот на граѓаните, без да го загрози буџетот и финансиската стабилност.

Во однос на евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во ЕУ, но без прифаќање на штетни и понижувачки отстапки на штета на националните интереси.

За разлика од предавничката СДС, ние се залагаме за достоинствен и рамноправен европски пат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Македонисти и информатичари дебатираа за тоа како побргу да се развијат дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик
Следно: СДСМ: Падот на Орбан ја руши целата криминална организација, Мицкоски и Вучиќ брзаат со предвремени избори

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани