Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го колабираше и го опљачка енергетскиот сектор

Шеталиште 24/12/2025 10:56
VMRO-DPMNE

Со кој кредибилитет СДС зборува за покачувањето на цената на електричната енергија? Тие можеби забораваат, ама народот добро памети колкави сметки за струја плаќаше во време на власт на СДС, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Поради колапсот и неспособноста да менаџираат со електроенергетските капацитети, како криминалните тендери со кои се богатеа, за седум години власт, СДС ја поскапе струјата за 50%.

Вистинското место на кое СДС може да се обратат за состојбите во енергетиката се нивните функционери и поставени кадри да го пљачкаат енергетскиот сектор.

Затоа што парите од овој, за нив, профитабилен бизнис се во криминалните тендери кои СДС преку нивните раководства во енергетските компании, си ги местеше, за што над 50 нивни функционери се со кривични пријави, меѓу кои и Васко Ковачевски кој е во бегство со украдените пари.

Од целиов синџир на криминални тендери, не изостанува ниту претседателот на, сега душегрижникот СДС, Венко Филипче.

Па затоа го прашуваме од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДС и бугарската фирма.

Ако не се сетат СДС и Филипче, ние ќе ги потсетиме со сите факти и аргументи.

За разлика од нивното време, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено се работи на консолидација и развој на енергетскиот сектор.

За таа цел продолжуваат големите инвестиции, меѓу кои и последната од пред неколку дена каде што беше потпишан договор вреден 97 милиони евра за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните.

Тука се и ветерниот парк во Богданци во 37,6 милиони евра, како и големата инвестиција на „Алказар енерџи“ во Штип и околината во вредност од околу 500 милиони долари.

Паралелно на ова, за граѓаните да не ги осетат потешкотиите и да го заштити нивниот стандард во периодот на консолидација на енергетскиот сектор, Владата одлучи да ги субвенционира сметките на струја на граѓаните.

Од друга страна, зголемувањето на цената на струјата во Македонија е најниско во Европа, а СДС тие што цело време лажеа и ширеа паника дека ќе има дупло поголемо зголемување. За тоа треба и јавно да се извинат.

Определбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, заштита на животниот стандард на граѓаните и систематско, континуирано и одговорно инвестирање во енергетски капацитети, со цел да ја зајакнеме енергетската независност.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Претходно: Василевска: Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии
Следно: СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја

Поврзани вести

magla-1
  • Македонија

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м

Шеталиште 23/01/2026 08:16
FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м magla-1 1
  • Македонија

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м

23/01/2026 08:16
Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39
Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет fzom-1 3
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

22/01/2026 14:23
Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026 20260122141634_big_730x400_44 4
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

22/01/2026 13:21
До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег NdGze-sonce-41217-1 5
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

22/01/2026 13:19

Можеби сте пропуштиле

magla-1
  • Македонија

Возете внимателно: Има густа магла на повеќе патни правци, видливоста е намалена на 40м

Шеталиште 23/01/2026 08:16
FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122081019_big_730x400_34
  • Занимливости

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Шеталиште 22/01/2026 13:22

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани