Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ВМФЛ:Новаци славеше на гостувањето во Ресен, лидерот Брегалница киксна против Охрид

Димитар Петковски 06/10/2025 12:45
Screenshot_20251006_075227_Facebook

Во втората македонска фудбалска лига се одигра овој викенд 7. Коло.

Екипата на ФК Новаци славеше на гостувањето во Ресен кај Преспа со 3-0.

На самиот старт од натпреварот гостите заводија преку Силјаноски, во вториот дел иницијативата и шансите ги имаа повторно новачани пред самиот крај на натпреварот паднаа уште два голови во мрежата на ресенчани преку Јовановски и во судиското продолжение конечните 3:0 ги постави Андоновски.

Брегалница од Штип на гостувањето кај Охрид одигра само 0:0  но остана на врвот на табелата со 17 бодови колку има Шкендија 77. Арачиновци му дишат во врат на штипјани, кои запишаа голема победа на гостувањето во Струмица и ја победи Беласица со 1:0 погодокот го постигна Еркан Шаип во 78-мата минута.

Големо Коњари ја забележа премиерната победа над Кожуф со 1:0, со автоголот на Дарко Стојанов во 31. минута.

ФК Скопје победи со 4:1 над Вардар Неготино во Автокоманда.

Виктор Ангелов, Мердиан Рамадани, Горан Цветков и Армир Иса погодија за „пиратите“, за гостите единствениот гол го даде Ристе Лембовски.

Осогово на гостински терен запиша голема победа на гостувањето во Виница против домашниот тим на Слога Виница  со 1-0, стрелец беше Драган Паунов во 65 минута.

Детонит Плачковица постигна три гола против Победа од Прилеп (3-1). Сашко Дуков со два гола и Алњксандар Смилков беа среќните голгетерот за Детонит за прилепчани голот го даде Филип Димоски.

Во Македонска Каменица интересен меч одиграа Саса и Тетекс со шест погодици. Тони Мичкоски постигна два гола за Саса и еден гол даде Бојан Иванов, додека Тетекс спасувајќи се во финишот од поразениот, погодоци постигнаа: Азис Јамини, Меритон Салихи и Петар Обадик.

КАМЕНИЦА САСА 3 : 3 ТЕТЕКС 1953
ПРЕСПА 0 : 3 НОВАЦИ 2005
ОХРИД ЛИХНИДОС 0 : 0 БРЕГАЛНИЦА 2008
СКОПЈЕ 4 : 1 ВАРДАР Н.
ГОЛЕМО КОЊАРИ 1 : 0 КОЖУФ
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 3 : 1 ПОБЕДА
СЛОГА 1934 0 : 1 ОСОГОВО
БЕЛАСИЦА 0 : 1 ШКЕНДИЈА 77

Continue Reading

Претходно: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда
Следно: Дождот добредојден за есенската сеидба

Поврзани вести

FB_IMG_1791174339950
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер го совладаа ТФТ и со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата

Димитар Петковски 05/10/2026 05:45
FB_IMG_1791098665935
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

„Конзулите“ се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мали Лошињ во Хрватска

Димитар Петковски 04/10/2026 09:02
img_3947-1536x1150
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лига на нации: Македонија 11-ти меч без победа, загуби и од Шкотска во Скопје

Димитар Петковски 03/10/2026 22:15
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани