Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

„Внатрешниот филм“: Вечер за Горан Стефановски во Битола

Шеталиште 29/09/2025 11:02
552598326_1973540833467270_2467705411318070267_n

Минатиот четврток, во неделата на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, книжевниот клуб UTOPIA во Битола беше домаќин на специјален културен настан посветен на животот и делото на драматургот Горан Стефановски.

Под наслов „Внатрешниот филм“, вечерта ги спои филмот, зборот и меморијата – создавајќи интимно патување низ темите што го обележаа неговиот опус.

Фокусот на вечерта беше документарниот филм „Траги“ на авторките Розе Симоновска и Леа Димитрова, кои беа присутни и лично зборуваа за процесот на создавање, за одговорноста да се пренесе една ваква биографија и за одлуката приказната да се раскаже преку емоции наместо преку класична хронологија.

Со времетраење од 103 минути, филмот ја надмина биографската форма и понуди поетски пристап кон ликот и делото на Стефановски.

Особена тежина на настанот му даде присуството на Игор Стефановски, синот на Горан, кој за прв пат ја посети Битола и сподели лични сеќавања за татко си, неговото детство и корените врзани за градот.

Во официјалниот дел, кој го модерираше Јасмина Атанасовска, писателка која го води книжевниот клуб UTOPIA, зборуваа и актерите Маја Андоновска Илијевски и Борис Чоревски, кои читаа извадоци од драмите на Горан.

Настанот го збогати и присуството на Љупчо Ѓоргиевски, режисер од БНТ, кој зборуваше за четирите театарски претстави што ги поставил според драмите на Горан Стефановски.

Вечерта заврши со дружење и музика, кога Марко Трајков приреди специјален сет составен од музиката на Леб и сол, за која Стефановски напиша своите текстови и од омилените плејлисти со песни на The Beatles, создавајќи мост меѓу неговиот збор и музиката потврдувајќи ја идејата дека делото на Горан Стефановски никогаш не завршува, туку продолжува да живее во мислата на секој што ќе се соочи со неговиот збор.

Фото: Сашо Стојановск

553582010_1521940952148505_3445970329241473539_n
552456352_794925220178887_728774926554029968_n
553303442_1501334994541934_1416555442648646809_n
552598326_1973540833467270_2467705411318070267_n
552588669_23933105296364744_8334602403637152375_n
553787697_1935997996968463_4547481792282222045_n
552152551_1112411387674717_2152780698276305206_n
554120602_1366066655236939_7951393555768941779_n
553002458_1077691237909048_8288416148530904734_n
553077563_1487310822311868_5089708060458153918_n
552347423_1512777306392245_3401067651503552935_n
553233899_1873071309940522_4868850708020139082_n
553490601_1373483474204935_7008030332942470367_n
553007886_1442298060212891_5211902997955998356_n
552556551_1830857171118558_460588184910879447_n

Continue Reading

Претходно: РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на нафтените деривати
Следно: Науката за тајните на здравјето на стогодишниците

Поврзани вести

prilep-jaz
  • Настани

Петнаесет години џез во Прилеп: Сетстат и Пијан Славеј на јубилејната сцена

Шеталиште 29/09/2026 08:37
825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани