Македонија пат информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег се бележат на планинските превоји Стража,Ѓавато,Буково,Пресека и во Ресен , Крушево и Попова Шапка, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.