ВестиМакедонија

Воената Академија отвори конкурс за 30 официри

Воената Академија отвори конкурс за стручно оспособување и усовршување за 30 официри. Армијата ги повикува сите млади на возраст до 28 години, со завршен прв циклус на студии по: машинство, електротехника, сообраќај и транспорт, одбрана, безбедност, економски, правни науки, организациони науки и управување (менаџмент), музички уметности и други полиња наведени во конкурсот, да се пријават на Конкурсот кој го распишува Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Избраните кандидати ќе бидат пратени на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во времетраење од 6 месеци, по што слушателите кои со успех го завршиле процесот, ќе бидат произведени во чин поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана.

Сите детали за конкурсот, условите и процедурата може да се најдат на следниот ЛИНК.

Поврзани новости