Возач тешко повреден во сообраќајка во битолско

0
Споделивања

На 24.05.2023 во 07.15 часот било пријавено дека на патот за с.Долно Оризари во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „мерцедес“, управувано од Г.Н.(34) од с.Долно Оризари и патничко возило „шкода“, управувано од М.Т.(66) од истото село, двете со битолски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

0
Споделивања
Exit mobile version