АМСМ упати сериозно предупредување до возачите поради драстично намалената видливост на неколку патни правци во земјава. Најкритично е во околината на Тетово, каде маглата ја намали видливоста на само 40 метри, додека во Смојмирово, Буково и Делчево таа изнесува едвај 50 метри.
Каде е најгуста маглата утрово?
Тетово: до 40м.
Плетвар: 50м.
Смојмирово, Буково и Делчево: до 50м.
Ѓавато: до 80м.
Струмица: до 100м.
Петровец: до 150м.
Покрај маглата, на патиштата има и врнежи од снег, па се препорачува задолжително носење на зимска опрема и строго почитување на сообраќајната сигнализација.

