Во Битола еуфорично се славеше ракометната титула

0
Споделивања

Ракометна Битола е во еуфорија откако по 18 години шампионската титула повторно се врати во градот на конзулите. Цела ноќ се славеше титулата, а делириум предизвика пристигнувањето на автобусот со ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Прославата продолжи во „Gold Felicia“ кои како партнери и генерални спонзори на клубот заедно со „Евротип“, „СН Финансии“ и „Голд Фелиција“ секогаш ги поддржуват со што им приредија спектакуларен пречек со огномет и голем број на фанови кои едногласно ја пееа химната на Пелистер.

„Чест е да се биде во победничкиот тим, бидејќи само победници бираат победници. Од почетокот на нашата соработка нижеме само победи.„- велат од тимот на Голд Фелициа.

Тие вчера победија на гостувањето во Охрид, додека Вардар 1961 ремизираше на гости против Тиквеш во Кавадарци, со што на едно коло пред крајот „пелистерци“ и математички се недостижни за конкурентите.

0
Споделивања
Exit mobile version