Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Во Битола одбележани 115 години од одлуката за албанската азбука

admin 21/11/2023 00:00
Битола-азбука

Висока државна делегација предводена од претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, заедно со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, пратеникот и лидер на ДУИ Али Ахмети и почесниот албански конзул во Битола, Имер Селмани, престојуваа во куќата каде што пред 115 години се одржа Битолскиот конгрес, собир на кој се унифицира албанската азбука.

Во изјава за медиумите, албанскиот претседател Бајрам Бегај истакна дека во Битола престојува со посебно задоволство, затоа што тоа е градот на албанската азбука, градот каде што се удрени темелите на албанскиот јазичен идентитет.

„Во нашата историја има посебни датуми кои што оставиле голема трага, а овој ден, 22 ноември 1908 година е посебно одбележан во историјата на албанскиот народ. Нашите преродбеници пред 115 години, без разлика на верата, нивното потекло или нивната политичка ориентација пред нивниот личен интерес го поставија националниот интерес, се здружија токму во Битола и не само да има унифицирана абецеда, туку и да донесат политичка одлука за идејата за дооформување на албанскиот народ. Во Битола официјално беа 50 делегати, но тие беа многу повеќе, и мажи и жени од сите краишта, кои на крајот одлучија азбуката да биде со латинично писмо. Тоа значи дека нашите преродбеници пред 115 години биле големи визионери бидејќи се одлучија за латинично писмо и за нашата европска ориентација. И, затоа денеска, денешниот пат е во тој дух, нашиот пат е европски пат како што се залагале нашите предци пред 115 години“, истакна Бегај.

Почесниот албански конзул во Битола Имер Селмани најави градот да стане туристичка атракација, место кое во текот на целата година ќе го посетуваат Албанци од сите краишта каде што живеат.

„Во Битола пред 115 години е унифицирана албанската азбука, прифатени се латинични букви и почна е една голема ренесанса или преродба на албанците ширум Балканот. Денеска со големата идеја на преродбениците сите народи на Балканот работиме и живееме во Европа и не само од формален аспект, туку затоа што тука е нашата иднина, иднината на нашата генерација. Ние ги сакаме европските вредности и европскиот стандард“, истакна Селмани.

Во пресрет на 22 ноември Ден на албанската азбука, во Битола се одржа поетско читање, концерт, научен собир, а беше промовиран и нов галериски простор во НУ Музеј на албанската азбука. (МИА)

Continue Reading

Претходно: Обид за криумчарење во Македонија на 2,7 килограми сребрен накит, 33 рачни часовници и 160 парчиња облека
Следно: Се сеќавате ли на ламбада? Рецепт за оваа легендарна торта која буди носталгија

Поврзани вести

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска 798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

06/10/2026 21:45
Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки img_4013-1536x1135 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

06/10/2026 21:18
Муслиу: Не смее само противникот да се прашува img_8327-1536x1094 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

06/10/2026 12:20
Седлоски: Не дојдовме само да одиграме натпревар img_8325-1536x1134 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Седлоски: Не дојдовме само да одиграме натпревар

06/10/2026 12:18
БСЖ вакцинацијата привремено одложена во Македонија по четири случаи на ретко воспаление на коските во Хрватска, се проверуваат сериите и квалитетот vakczini-1024x680-1 5
  • Македонија

БСЖ вакцинацијата привремено одложена во Македонија по четири случаи на ретко воспаление на коските во Хрватска, се проверуваат сериите и квалитетот

06/10/2026 11:37

Можеби сте пропуштиле

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
img_8325-1536x1134
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Седлоски: Не дојдовме само да одиграме натпревар

Димитар Петковски 06/10/2026 12:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани