Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Во Битола одбележан Денот на државноста на Република Хрватска

admin 07/06/2025 00:00
Den-na-Hrvatska-Bitola

Со концерт на далматинска музика и изложба на фотографии, синоќа во Битола членови и пријатели на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ го одбележаа Денот на државноста на Република Хрватска.

Пред присутниот аудиториум се обратија Стјепан Домјанчиќ воено аташе во амбасадата на Хрватска во Скопје и Бранко Маретиќ, претседател на ХКЦ „Марко Марулиќ“-Битола.

-Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Во текот на изминатите години Хрватскиот културен центар од Битола, воспостави соработка со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, беше иницијатор на неколку збратимувања со општини и културно уметнички друштва, организираше гостувања на актери, музичари, фолклорн групи, делегации од Македонија во Хрватска и обратно, и се со цел збогатување на културниот мозаик на Битола, како и поголема соработка на двете пријателски земји, посочи Маретиќ.

Во програмскиот дел на свеченоста учествуваа женска клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, а во салонот за промоции на битолскиот Офицерски дом, отворена е изложба на фотографии „Хоризонти“ од авторката Блага Петрески, професорка и советник за  ликовна уметност и култура, воедно раководител на Агенцијата за образование и воспитување, подружница во Сплит.

Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“-Битола годинава во значајните проекти и активности ги сврсти и  двата потпишани Меморандуми на соработка со НУ Народен театар-Битола и НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Вардар и Пелистер пред полн СЦ „Јане Сандански“ ќе одлучуваат за титулата
Следно: Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

Поврзани вести

povik
  • Настани

Во Прилеп изведба на „Повик“ – претстава за предизвиците на современиот уметник

Шеталиште 08/07/2026 13:21
att.-bs8mVEiFuVM4RCH-F6DOHD0r57TVBq4biujKbgWYWA
  • Култура
  • Настани

Се е подготвено за јубилејното издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“

Шеталиште 02/07/2026 14:35
att.riiW-6W9aPJ_FsK8JAvAlErAqCnjlnHqrTm1egi7iaA-819x1024-1
  • Настани

Вечерва на „Битола Отворен Град“: Суперхикс го одбележуваат концертот број 300

Шеталиште 26/06/2026 08:32
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани