Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, денот на основањето го одбележа со традиционалната академска манифестација – Отворен ден, УКЛО и пријателите, извонредност и кариера.
Во обраќање до академската заедница, како и гости од градот, државата и странство, ректорот на битолскиот Универзитет, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека манифестацијата – Отворен ден, УКЛО и пријателите, има голема важност за влијанието на УКЛО во општеството.
-Организирајќи отворени ден, ние ги стекнавме нашите пријатели кои секоја година учествуваат на нашите манифестации и силно не поддржуваат. Доколку не би бил овој отворен ден, тогаш релацијата меѓу Универзитетот и заедницата ќе биде формална, но таа денеска е пријателска. Со нас и оваа година се и работодавачите со кои ќе ги споделиме заедничките намери и проекти. УКЛО и во иднина согласно својата визија ќе има улога да образува и да ги инспирира младите да бидат активни во општеството, и исто така ќе ги мотивира локалната самоуправа и бизнис заедницата, посочи ректорот Неделковски.
На денот на основањето на вториот државен Универзитет во земјава, ректорот Неделковски додели Ректорска повелба на професор д-р Горан Петровски, офталмолог со меѓународна кариера кој извршил над 9.500 офталмолошки процедури и работел во водечки центри во Норвешка, Австрија, Словенија, Хрватска и во Унгарија.
На свеченоста во битолскиот Офицерски дом се одржа и Ден на кариера, на кој се претставија компании од градот, претставници на граѓанскиот сектор и партнерски организации на УКЛО Битола.
Извор и фото: МИА

