Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ја одржа втората меѓународна конференција на тема „Библиотекарот денес: професија во трансформација“.
Годинаvа на конференцијата имаше над 80 учесници од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Литванија, Република Српска и од Македонија, истакна м-р Милка Котевска, виш библиотекар, раководител на конференцијата.
-Присуството на колеги од повеќе европски држави е доказ дека библиотеките, без оглед на границите, се поврзани преку заедничката мисија за зачувување на знаењето, културата и љубовта кон библиотекарската професија. Темата на конференцијата „Библиотекарот денес: професија во трансформација“ е исклучително актуелна и значајна, бидејќи денес брзите технолошки промени, дигитализацијата и новите потреби на корисниците ја трансформираат библиотекарската професија и отвораат нови можности, но и нови предизвици. Така денес библиотекарот е едукатор, посредник во пристапот до информации, дигитален водич, организатор на културни настани и активен учесник во развојот на заедницата. Токму затоа е важно да се дискутира за промените што ги носи современото време и за улогата што библиотекарите ја имаат во нив, посочи Котевска.
Во рамките на конференцијата, проект поддржан од Министерството за култура и туризам, во Битола беа презентирани 40 стручни трудови кои ќе бидат објавени во зборник на трудови. мт/са/
Фото: НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола
Миа

