Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола се одржа тркалезна маса за локалните мерки за заштита на животната средина

Шеталиште 26/06/2026 12:57
IMG_4538

Во Битола се одржа тркалезната маса „Локални мерки за заштита на животната средина во Битола: предизвици и следни чекори“, организирана од Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола, во рамки на проектот: „Зајакнување на локалната отчетност преку граѓански мониторинг во Битола и Кичево“.

Настанот ги обедини претставниците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, граѓанскиот сектор и јавноста, со цел да се поттикне отворен дијалог за спроведувањето на локалните политики во областа на животната средина, како и за предизвиците и можностите за нивно унапредување.

Во фокусот на дискусијата беа две значајни мерки од Програмата за животна средина на Општина Битола за 2026 година: изработката на Стратегија за развој на урбаното зеленило и поставувањето на подземни садови за отпад. Учесниците разговараа за значењето на овие мерки за подобрување на квалитетот на урбаниот простор, заштитата на животната средина и создавањето поздрави услови за живот на граѓаните.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека Општината е во фаза на подготовка на техничка спецификација за распишување јавна набавка за избор на изработувач на Стратегијата за развој на зеленилото. Тој нагласи дека овој стратешки документ ќе биде основа за планирање, заштита и унапредување на системот на урбано зеленило, како и важен сегмент при изработката на идните урбанистички планови.

Коњановски се осврна и на Зелениот катастар на Општина Битола, кој претставува современ систем за евиденција, управување и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора.

Во рамки на тркалезната маса беа презентирани и чекорите за граѓански мониторинг на општинската програма, при што беше истакната важноста од редовно следење на реализацијата на мерките и транспарентно информирање на јавноста.

На панел-дискусијата учествуваа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, директорот на ЈП „Комуналец“ – Битола, Горан Степановски, претставникот на Здружението „Геосфера“ – Битола, Тони Гештаковски, претседателката на Организацијата на жени на Општина Битола, Светлана Петковска, како и проектниот монитор Целе Јовевски. Настанот го модерираше претседателот на ИНТЕРАКТИВ – Битола, Мартин Николовски.

Организаторите истакнаа дека преку вакви јавни дискусии се зајакнуваат транспарентноста, отчетноста и соработката помеѓу институциите, јавните претпријатија, граѓанските организации и граѓаните, со цел креирање поквалитетни локални политики и унапредување на животната средина во Битола.

Тркалезната маса е активност во рамките на швајцарскиот проект „Програма за поддршка на изборите“, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Содржината и изнесените ставови се одговорност на организаторот и не мора да ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија и на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Continue Reading

Претходно: Репертоар на 3Д Кино Битола
Следно: Битолски Широк Сокак добива нова IQOS специјализирана продавница

Поврзани вести

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани