Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски приреди прием на заменичката на амбасадорот на Австралија и прва секретарка и конзулка во Амбасадата во Белград, Териз О’ Мили.
На средбата во Битола, двајцата соговорници разговараа за продлабочување на соработката меѓу Австралија и Битола, со акцент на локалниот економски развој, културната размена и поддршката на образованието.
-Се разговараше и за тековните и идните проекти на општината, како и за големото присуство на Македонците во Австралија и нивното учество во тамошниот политички и општествен живот. Градоначалникот ја информираше О’Мили за стратешките приоритети на Битола, меѓу кои се одржливиот урбан развој, заштитата на животната средина и создавањето услови за нови инвестиции и отворање работни места, соопштија од Општина Битола.
Според дипломатката О’Мили, Австралија е подготвена да продолжи со поддршка на локалните иницијативи кои придонесуваат за економски раст, иновации и унапредување на заедницата, се нагласува во соопштенито од Општина Битола.

