Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Во Битолската болница инсталиран нов современ рентген апарат за дигитална радиографија

Шеталиште 28/07/2025 11:47
4f87552337396f3272e40081b3ab6dd6_XL

Со цел значајно унапредување на здравствените услуги и подобрување на дијагностичките капацитети, во Клиничката болница во Битола е инсталиран нов, современ дигитален РТГ апарат – Fujifilm Smart X, набавен со поддршка на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.000.000 денари со вклучен ДДВ, инфирмираат од Клиничката болница во Битола.

Станува збор за високо квалитетен апарат за дигитална радиографија, монтиран на под, кој овозможува прецизно, брзо и безбедно снимање. Fujifilm Smart X е целосно дигитален, опремен со генератор од 52 kW и два панел детектори, кои испорачуваат дијагностички слики со врвен квалитет, веднаш достапни преку работната станица поврзана со ПАКС системот на болницата.

-Со набавката на два детектори, целосно се избегнува ризикот од нивно оштетување, што во минатото знаеше да доведе до нефункционалност на апаратот и прекин на услугите. Сега, не постои потреба од пренесување на панелите меѓу позиции, што обезбедува постојана достапност на рентген услугите.

Најважно од сè – пациентите од Битола и Пелагонија повеќе нема да бидат упатувани во други установи поради недостапност на рентген апарат, а високиот квалитет на снимките овозможува прецизна дијагностика и побрзо започнување соодветна терапија, истакнаа од болницата.

Според нив , ова е уште еден конкретен резултат на новата здравствена политика и посветеноста на Владата и премиерот Мицкоски да создадат функционално, модерно и еднакво достапно јавно здравство за сите граѓани.

-Клиничка болница – Битола изразува искрена благодарност до Владата на Република Македонија, а особено до премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, за неговата посветеност и грижа за персоналот и пациентите од Битола и поширокиот регион, наведуваат од болницата.

 

 

 

 

Извор: Апла.мк

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Во завршна фаза е анализата за инфлацијата, многу скоро ќе има мерки
Следно: За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари

Поврзани вести

IMG_2308
  • Вести
  • Битола инфо

Изложба на апциклирана облека во Битола: Креативноста на младите во служба на одржливоста

Шеталиште 08/04/2026 14:30
662008457_2756872281342507_2654719903359598516_n
  • Битола инфо
  • Вести

Во Битола се одржа Greentech Pelagonia Demo Day: десет стартапи ја претставија иднината на зелените иновации

Шеталиште 06/04/2026 15:01
NP-PELISTER
  • Вести
  • Битола инфо

ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер

Шеталиште 06/04/2026 14:34
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани